• img-book

    Софи Кинсела


ISBN: 978-608-260-061-1

Совршена недомаќинка

од: Софи Кинсела

Адвокатката Саманта Свитинг, невидена работохоличарка, прави фатална грешка за првпат во својата брилијантна кариера – толку незамислива грешка, што си ги уништува сите шанси некогаш да стане партнер во адвокатската фирма каде што работи.

Избезумена од паника, излегува од својата канцеларија во Лондон, се качува во воз и завршува Бог знае каде. Кога влегува во една голема, прекрасна куќа за да праша за насоки затоа што е изгубена, доаѓа до недоразбирање и помислуваат дека е кандидатка дојдена на интервју, па како гром од ведро небо, ѝ нудат работа како домашна помошничка. Нејзините работодавачи немаат поим дека всушност вработиле адвокатка, а Саманта нема поим како се одржува едно домаќинство; таа не знае ни да спржи јајце. Не знае да зашие копче, не знае да испече компири, не знае да ја отвори даската за пеглање. Но решава да вдише длабоко и да почне да се справува со ситуацијата и тогаш почнува толку слатка приказна, како и лебот што таа учи да го меси и пече (додека истовремено по малку се вљубува).

Но дали стариот живот ќе ја стигне? И ако е така… дали таа воопшто ќе сака да му се врати?

420 ден

Количина:
Запознајте се со авторот
avatar-author
1969
Со над 15 светски бестселери зад себе, не за џабе ја нарекуваат Кралицата на романтичните комедии! Нејзините романи ги има во форма на независни, серијали, а и филмувани. Од неодамна е автор на Сакам Книги за преводи на македонски јазик и тоа ни претставува особено задоволство.
Книги од Софи Кинсела
Купи
Купи
Купи
Купи
За книгата
Детали

ISBN: 978-608-260-061-1
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2020
Број на страници: 360

“Совршена недомаќинка”

Уште нема коментари за овој производ.