• img-book

    Мирјана Проданова


ISBN: 978-608-260-049-9

Сопругата на детективот

од: Мирјана Проданова
5 од 5 од 4 оцени на читатели
4 оцени од читатели

1994 година: Лидија е млада девојка од фино семејство, кога го запознава малку постариот детектив Димитар и веднаш се вљубува во него. Не може да поверува колку е привлечен, колку е културен, колку е мажествен, а таа од друга страна, млада, наивна, неискусна. Кога тој покажува интерес за неа, просто не може да си поверува на среќата.

Но дали е сè така како што изгледа?

2014 година: Лидија е во затвор, а Димитар е мртов. Никој не знае што точно се случило. Таа на суд сведочи дека со години била жртва на семејно насилство и тврди дека била принудена да го убие сопругот во самоодбрана, но никој не ѝ верува.

А можеби и не треба…

Семејна драма со голема доза на мистерија во која се испреплетуваат приказните на неколку затворенички, во стилот на легендарниот мјузикал Чикаго, и ве тераат да ги вртите страниците сè додека не дознаете како завршува секоја една од нив.

350 ден

Количина:
Запознајте се со авторот
Книги од Мирјана Проданова
За книгата

  1. :

    5 out of 5

    “Сопругата на детективот”- Мирјана Проданова

    “Таа тврди дека го убила сопругот во самоодбрана. Но може ли да и се верува?”

    Дејството започнува во 1994 година. Тогаш Лидија е млада девојка, која потекнува од фино и културно семејство. Таа поседува сопствен фризерски салон, каде секојдневно напредува во работата, која одлично и оди. Колку само еден ден може да влијае врз сопствените одлуки и да ни го промени живтотот?

    Еден ден го запознава Димитар, кој сосем случајно го посетува нејзиниот фризерски салон. Тој е млад, убав, привлечен и кулурен детектив со многу добри особини. Едноставно, тој е совршен во очите на Лидија. Тој е човекот кој ќе и докаже на Лидија дека постои љубов на прв поглед. По неговата прва посета во фризерскиот салон, тој не остава никакви информации за него, освен трошка надеж кај Лидија, која длабоко верува дека повторно ќе се појави.

    “Згодното момче без име се врати, сам, и двајцата знаеја дека овој пат не доаѓа за нова фризура.”

    Тој ја покани на романтичен состанок, каде Лидија без двоумење прифати. Тоа беше состанок од соништата. Состанок каде ви делат прекрасни комплименти, ви раскажуваат приказна од минатото која длабоко ќе допре до вас и цела вечер сте изненадени од убавите гестови но, сите соништа кратко траат. Позади убавиот и совршен Димитар, се крие сосема поинаква личност.

    Вториот дел од дејството ни ја прикажува приказната во 2014 година. Лидија е во затвор за убиство на нејзиниот сопруг. Таа сама одлучува да се пријави за стореното злодело и ја прифаќа казната која следи. На суд сведочи дека со години била жртва на семејно насилство и тврди дека била принудена да го убие сопругот во самоодбрана. Во овие мигови ќе биде осудувана од колегите и најдобриот пријател на Димитар, кои ја сметаат за психички нестабилна личност.

    “Добрите вести стигнуваат брзо, ама лошите уште побрзо.”

    Лидија во затворот Сперанза ќе се запознае затвореничките, каде секоја од нив има свои несовршености. За подобро да се запознаат, а и за да им помине побрзо времето во затвор, тие одлучуваат секоја недела да влечат сламки, каде една затвореничка ќе треба да ја раскаже својата приказна. Секоја од нив има трагично минато, но голема надеж за подобра и посветла иднина. Нивните приказни нема да ве остават рамнодушни. Тоа се личности кои ги ценат малите работи во животот. Тие во затворот ќе успеат да изградат пријателство кое ќе ви докаже дека само сплотеноста и упорноста успеваат на крај.

    “Знам дека си мал и нема веднаш да го разбереш ова, но вистинските чудовишта не се тие кои се кријат под креветот, туку тие кои се кријат во луѓето и јас ќе направам се што можам за да те заштитам од нив.”

    Лидија е лик кој ќе го бодрите, сожалувате, ќе посакувате да биде безбедна и сакана, но воедно ќе се воодушевувате на нејзината храброст. Таа е нечија ќерка, сопруга и мајка која дваесет години била жртва на семејно насилство, психичко и физичко, од страна на нејзиниот сопруг. Даниел е детектив, најдобар другар на Димитар, кој на почетокот нема да ви остави убав впечаток, но сметам дека на самиот крај ќе го оправда своето однесување.

    “Насилството не одбира пол. Може да му се случи секого, па дури и вам.”

    Ова е книга која со право ја носи едицијата: “НАШИ, А СВЕТСКИ”. Во оваа книга ќе се сретнете со многу ликови, каде секој од нив си има своја улога. За миг ќе бидете и дел од нивните животи. Многу ми се допадна тоа што сите приказни на затвореничките беа испреплетени и поврзани меѓусебно. Можам да кажам дека секоја од приказните допре длабоко до мене, но приказната на Лидија ми остави голема трага која долго ќе ја паметам! ❤❤❤

  2. :

    5 out of 5

    Последната книга која ја прочитав е ,,Сопругата на детективот” од Мирјана Проданова, трилер-драма.
    Книгата разработува една многу деликатна и осетлива тема која за жал е застапена насекаде околу нас. Станува збор за семејно насилство и данокот кој го зема. Но овој пат, жртва е самиот извршител односно сопругот , кого го убива неговата со години малтретирана жена Лидија. Лидија сама се пријавува и тврди дека го убила па затоа е приведена се додека не се донесе ослободителна пресуда. Товарот на докажување вина паѓа врз драг колега и пријател на нејзиниот сега мртов сопруг, па тоа е препрека плус до нејзината слобода. Во затворот склопува пријателства и ги дознава нивните мрачни дела. Но секое лице си има опачина. Секое делинквентно однесување има длабоки корени во детството. Тие деца најчесто се отфрлени, без мајчинска љубов и заштита, оставени сами против суровиот свет. И не секогаш го избираат правиот пат.
    А ликот на Лидија, за жал го има насекаде околу нас. Таа може да е жената која ни продава наутро леб, онаа што се шета по улица или онаа што живее два спрата под нас.
    Книгата има интересен пресврт на крајот, што воопшто не се очекува. Многу ми се допадна, уживав додека ја читав има заслужена 5ка ❤Мирјана браво- книгата навистина е светска а наша ! Ти посакувам голем успех и понатаму ⭐⭐⭐⭐⭐

  3. :

    5 out of 5

    Книгава слободно може да се спореди со светските бестселери! Богата палета од ликови,
    прекрасно скроени приказни и интересни пресврти… Браво за Мирјана! 😀

  4. :

    5 out of 5

    Предобра. Интересна од сам старт со многу неочекуван крај. Се надевам дека ќе прочитам уште многу книги од Мирјана предобар старт. БРАВО