• img-book

    Рута Шепетис


ISBN: 978-608-260-062-8

Солта во морето

од: Рута Шепетис
5 од 5 од 1 оцени на читатели
1 оцена од читател

Сите знаат за добро документираната катастрофа со Титаник, но малкумина се запознаени со една од најголемите поморски трагедии…

Се ближи крајот на Втората светска војна и илјадници бегалци очајнички тргнуваат кон прегратките на слободата; многумина од нив со скриени тајни… Помеѓу нив се и Јоана, Емилија, Флоријан, чии патишта се вкрстуваат на пат кон „Вилхелм Густлов“, брод кој ветува спас. Соединети од стегите на околностите, тројцата млади црпат сила и храброст еден од друг, но меѓусебната доверба ја тестира секој следен чекор на пат кон безбедноста.

И баш кога им се чини дека слободата е на дофат на рака, доаѓа до незамислива трагедија. Преоптоварениот брод, наменет за 1.800 патници, а натоварен со над 10.000 луѓе, почнува да тоне и сите тие, возрасни и деца, богати и сиромашни, мораат да се борат за истото: за преживување, за своите животи. Раскажан од различни перспективи, овој трогателен роман е инспириран од вистинска трагедија. Авторката ни открива жртви на страшната војна за кои знаат неверојатно мал број луѓе и докажува дека хуманоста и љубовта можат да победат дури и во најмрачните околности.

420 ден

Моментално недостапна

Запознајте се со авторот
avatar-author
- Ruta Sepetys - 1967
Рута Шепетис е литванска американскa писателка на историска фикција. Таа е најдобро позната по нејзината книга, Кратци и проституки, која беше Њујорк Тајмс бестселер. Нејзините книги се објавени во повеќе од педесет држави и на над триесет и шест јазици.
Книги од Рута Шепетис
За книгата
Детали

ISBN: 978-608-260-062-8
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2020
Број на страници: 370

  1. :

    5 out of 5

    Се наближува крајот на Втората светска војна. Илјадници бегалци очајно бараат спас, надеж за нова, подобра иднина и тргнуваат кон прегратките на слободата. Секој од нив со свое минато, мрачни тајни и осаменост, далеку од сите кои им значат.

    Јоана, Емилија, Флоријан, Ева, чевларот, Алфред, Ингрид и залутаното момчe се дел од луѓето кои се надеваат дека целиот овој хаос набргу ќе заврши. Тие си даваат меѓусебна поддршка, сила и храброст, но нивната меѓусебна доверба е тестирана со секој следен чекор. Нивните патишта се вкрстуваат на пат кон “Вилхелм Густлов”. Брод кој влева надеж кај многумина, спас за многу бегалци.

    “Густлов беше мојот бункер. Длабоко зедов воздух. Сета борба и грижа. Зарем навистина наскоро ќе завршат?”

    Бродот “Вилхелм Густлов”, запловува кон длабоките води, оставајќи зад себе голем број бегалци. Наменет за 1.800 патници, тој успева да собере 10.000 луѓе. Во овие надежни мигови, кога многумина веруваат дека се спасени и далеку од војната, качени на брод, со надеж за нова иднина, животот ги става на тест. Во еден миг, бродот почнува да тоне. Богати и сиромашни, возрасни и деца, мајки и сираци, сите имаат една цел: да преживеат.

    “Вината е ловец.”
    “Судбината е ловец.”
    “Срамот е ловец.”
    “Стравот е ловец.”

    Добро документираната катастрофа за “Титаник”, ја знаат многумина, но многу малку се запознаени со една од најголемите поморски катастрофи. Трогателна приказна раскажана од различна перспектива. Приказна која ќе ве натера да се соживеете со животите на дел од тие луѓе. Луѓе со мрачно и трагично минато, кои успеале да стигнат до самиот раб на војната.

    “Пречките не постојат за да им се предадеме туку да ги собориме.”

    Роман инспириран од вистинска трагедија. Жртви на страшна војна за кој знаат малкумина. Приказна која ќе успее да ви докаже дека само упорноста, вербата, надежта, хуманоста и љубовта ќе успеат да ве одведат далеку, ќе успеат да се изборат и да победат дури и во најмрачните околности. Книга за која ќе ви треба исклучителна храброст, ќе посакувате што побргу да завршат мрачните мигови, ќе барате одговор на многу ваши прашања и ќе ја читате без здив. ❤