-
Кристин Хана
Славејот
од: Кристин ХанаФранција, 1939
Во тивко француско село, кротката и плашлива Вијан Моријак се збогува со својот сопруг, кој оди да војува. Таа не верува дека Германците ќе ја окупираат Франција, но тоа сепак се случува и ја принудува да прими непријател во сопствениот дом. Во ова време на војни, Вијан мора да научи да биде храбра. Храбра како сестра ѝ.
Нејзината помала сестра Изабел, од друга страна, мора да научи да се плаши. Таа е премногу бунтовна и храбра за свое добро. На самиот почеток од војната, се запознава со мистериозниот партизан Гејтон и се вљубува како што може да се вљуби само млад човек… лудо и комплетно. Не можејќи да ја гледа татковината како пропаѓа, Изабел непромислено се приклучува на тајните групи за ослободување на Франција без да размисли за опасностите.
Безвременска новела која ќе ве тера да ги голтате страниците без пауза. Приказна за издржливоста и храброста на жените која ќе ја помните цел живот. Сага за преживувањето и љубовта за време на војна што ќе ве натера да липате на глас.
Ова е книга за секого, ова е книга за навек.
420 ден
Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.
ISBN: 978-608-4672-57-9
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2016
Број на страници: 416
Маца – :
Една од најубавите книги што сум ги прочитала
Емилија Златкова Анастасова – :
#ТеПредизвикувамеДаЧиташ #сакамкнигипредизвик1
Не сум многу љубител на книги за/ со Првата и Втората светска војна, а и воопшто со војни. Па и филмови избегнувам такви.
Не знам зошто толкава одбивност имам, можеби зашто има премногу страдање, болка, неправда, сиромаштија….
И ако знаев дека оваа книга е поврзана со тоа време, искрено немаше да ја купам и читам. Но, добро е што не знаев и ја прочитав.
Навистина и оваа книга е преполна со страдање, болка, осаменост, сиромаштија, смрт, но пак и со онаа упорност да се опстане, да се преживее, да се победи! Исполнета со љубов – кон мажот, детето,родителот, пријателот, но и кон човекот воопшто – љубов која те тера да направиш нешта кои инаку не си способен да ги направиш.
Зошто ми се допадна?
Зашто ме отрезни, ме освести да размислам – ние сега сме во тешка состојба? Ние сега живееме во лошо време!? На нас сега ни е многу тешко!?
А што правиме ако ни е тешко за да промениме нешто?
Да се осознае за едно такво тешко време, време на пораз, време на капитулирање, а сепак да се има надеж!
Си велам сите ние да живеевме во тоа време, ќе ја предадевме војната на Хитлер со првиот истрел. Би сакала да има и денес повеќе храбри жени како Славејот.
КНИГА која ја препорачувам од срце.
Денис – :
👏👏
elizabeta lazarovska – :
prekrasna drama isprepletena so ljubov, hrabrost i emocii. vredi da se procita
Слаѓан – :
Прекрасна книга, приказната е предобра – вреди да се прочита, незаборавна историска драма со примеси на романса и брзо читлив стил на пишување. Не ја пропуштајте 🙂
sani4jc – :
Добра историска книга прикажана со многу емоции!
Наташа – :
Книга што ќе ги разбуди сите скриени сетила за кои што мислиш дека ги не немаш. Фантастично изработени ликови за време на 2 – та Светка војна и доловени сите слики на едно место.
Стефани (го има купено овој производ од сајтот) – :
Преубава историска романса,многу емоции и љубов на едно место.❤
Филипоска (го има купено овој производ од сајтот) – :
Обожавам вакви книги што покажуваат колку храброст, истрајност, пожртвуваност има во една ЖЕНА! После завршување се затекнав себеси како гуглам за случувањата во Втората светска војна, конкретно тој период што го опфаќа книгата. Сакам такви книги што ме тераат да барам на интернет, да дознаам нешто повеќе. Базирана на вистинска приказна, оваа книга е просто совршенство!
Верица – :
Прекрасна, емотивна историска книга, која ја опишува храброста за време на војната ❤️
Мила – :
Неверојатна драма што ме трогна со храброста на едниот лик, со љубовта за која вреди да се умре, за битката до последен здив.