-
Лиса Клејпас
Слаткоречив туѓинец (Тревис #3)
од: Лиса КлејпасЏек Тревис има прилично едноставен и некомплициран живот како тексашки милионер и плејбој. Тој не дава никакви ветувања, љуби многу жени и живее за задоволство. Но вистината е дека никој никогаш ја нема допрено неговата душа и нема стигнато до неговото срце. Тој е нескротлив и безгрижен сѐ до моментот кога една жена му се појавува на врата со видлив бес на лицето и бебе во рацете.
Лутата жена е тетка на бебето и таа тврди дека Џек е таткото на бебето. Вистинската мајка го напуштила детето, препуштајќи ѝ ја грижата за него на својата поодговорна сестра. И сега, од Џек се бара да преземе одговорност за првпат во животот.
Со неодолива романтична тензија и ликови кои се толку живи што чиниш чекорат по страниците и влегуваат директно во твоето срце, Лиса Клејпас повторно создала една од оние приказни кои те засмеваат, расплакуваат и оставаат вечна трага во твоето срце и ум.
420 ден
Моментално недостапна
ISBN: 978-608-260-112-0
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2021
Број на страници: 340
Nadja – :
Лиса Клејпас се надмина себеси со оваа книга. Уште кога ја почнав, на прва страница, јас се вљубив во книгава едноставно. Толку убава енергија, тие ликови, тој нејзин феноменален и препознатлив стил на пишување, доведуваат до едно вакво ремек дело. ❤️
Nadja – :
Една од моите омилени книги! Ги имам прочитано сите книги на Клејпас, како и оваа, и морам да кажам дека Слаткоречив туѓинец посебно ме погоди и разнежни. Клејпас е маестрална, но со книгава се надминала себеси! Ја препорачувам секому! 💖