• img-book

    Крис Картер

Скулптор на смртта #4

од: Крис Картер
5 од 5 од 2 оцени на читатели
2 оцени од читатели

„Имаш среќа што не го запали светлото…“

Една млада негувателка е доживотно трауматизирана кога го наоѓа својот пациент, јавниот обвинител Николсон, брутално убиен во неговиот кревет. Самиот чин делува апсурдно – Николсон имал рак во терминална фаза и му останувале само уште неколку недели живот. Но она што најмногу го шокира детективот Роберт Хантер е „уметничкото дело“ што убиецот го има оставено зад себе на местото на злосторството.

Хантер не се сомнева дека убиецот се обидува да комуницира со полицијата, но методот што го има одбрано е крајно необичен – нешто што Хантер го нема сретнато никогаш во својата кариера. И никако не може да разбере која би можела да биде скриената порака.

Токму кога Хантер и неговиот партнер Гарсија сметаат дека пронаоѓаат добра трага, се појавува и ново тело – и ново „уметничко дело“. Но не можат да пронајдат поврзаност помеѓу првата и втората жртва, па упорно тапкаат во место.

Хантер е во трка со времето и со Скулпторот на смртта, кој пак се подготвува за последните финеси на своето ремек дело.

490 ден

18 на залиха

Количина:
Запознајте се со авторот
Книги од Крис Картер
Додадена
За книгата

  1. :

    5 out of 5

    Нема утка со Картер – одличен крими/трилер, крвав и брутален.
    Совршен за љубителите на овој жанр! 🙂

  2. :

    5 out of 5

    Уште една мајсторија на Картер, не ја одложувајте кога ќе стигнете до неа по редослед во серијалот.