- You cannot add "Нека победи подобриот" to the cart because the product is out of stock.
-
Колин Хувер
Сите твои совршености
од: Колин ХуверКолин Хувер се надминува себеси со моќна приказна за еден разнишан брак и едно старо, речиси заборавено ветување што би можело да го спаси.
На совршената љубов на Квин и Грахам ѝ се заканува нивниот несовршен брак. Спомените, грешките и тајните што се трупале низ годините сега ги влечат на различни страни и уште повеќе ја зголемуваат дистанцата меѓу нив. Единственото нешто што би можело да ги спаси е токму онаа работа што ги има донесено до работ на пропаста.
„Сите твои совршености“ е срцепарателна, емотивна и моќна приказна за пар чија потенцијална иднина се држи на шарките на ветувањата дадени во минатото. Додека без престан ги голтате страниците, ќе се прашувате: Може ли една силна љубов со совршен почеток да живее цел живот меѓу двајца несовршени луѓе?
Ако ви се допадна нејзината „Ова завршува со нас“, тогаш сигурно ќе ве освои и нејзиното најново ремек-дело.
400 ден199 ден
ISBN: 978-608-260-011-6
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2018
Број на страници: 320
Елена – :
Одлична книга!
Kristina – :
Прекрасна!
Сара – :
Не знам како да ја оценам книгава. Ми се допадна, приказната е стварно емотивна и сигурно многу бракови се соочуваат со вакви проблеми, но некако ми е просечна..
Стефани (го има купено овој производ од сајтот) – :
Одлична приказна,Хувер како и секогаш не може да те разочара!😊😍
Слаѓан – :
Предобра книга како и сите останати од Хувер, проткаена со многу емоции и многу сликовити настани. Моќна приказна за надежта и силата на нескршливата љубов 🙂
Bube – :
Како тоа се уште да нема оцена за оваа соовршена книга? 😀
Соовршенство напишано на 320 страници!
Обавезно прочитајте ја оваа книга, ќе си наравите услуга 🙂