• img-book

    Лиен Мориарти

Сè што заборавила Алиса

од: Лиен Мориарти

Алиса Лав има дваесет и девет години, лудо е вљубена во сопругот и наскоро треба да стане мајка.

Замислете само колку ќе се изненади кога ќе се освести по падот во вежбалницата (во вежбалница? Па таа мрази да вежба!) и ќе открие дека има триесет и девет години и три деца на кои не се сеќава. Се разведуваат со љубениот сопруг Ник, кој ја мрази, а од сестра ѝ Елизабет, поради некоја причина, необјасниво се отуѓила.

Сега мора да сфати зошто одвај разговараат со сестра ѝ и како се претворила во една од оние преслаби мајки облечени во прескапа облека. Како можело за десет години нештата да тргнат толку наопаку? Зошто не се препознава самата себе – и што е уште полошо, зошто оваа нова Алиса ни најмалку не ѝ се допаѓа?

Алиса мора да се сети на сè што заборавила, одново да ја изгради сликата од изминатите десет години и да дознае дали работите можат да бидат како порано. А пред сè, мора да дознае дали заборавот е благослов или проклетство и дали е навистина можно човек да почне одново.

550 ден

Количина:
Запознајте се со авторот
avatar-author
- Liane Moriarty - 1966
Лиен Мориарти е австралиски автор на шест интернацонални популарни романи и е автор со полно работно време. Таа има продадено над шест милиони копии од нејзините книги во светот и нејзините романи се преведени на триесет и девет јазици. Таа живее во Сиднеј со нејзиниот сопруг, син и ќерка.
Книги од Лиен Мориарти
Додадена
За книгата

“Сè што заборавила Алиса”

Уште нема коментари за овој производ.