-
Колин Хувер
Само пријатели
од: Колин ХуверДали е подобро никогаш да не се вљубиш или да се вљубиш во некој кој не можеш да го имаш?
Ова е приказна за една девојка која го губи својот татко толку ненадејно што ѝ се разнишува целиот свет. Приказна за една мајка која се обидува да ги заштити своите деца по секоја цена, макар и со лаги. Приказна за едно сираче од дом. Приказна за наоѓање на вистинска љубов и нова надеж, но и за претворање на таа љубов во забранета. Колкупати може светот да ти се сруши под нозе, а сепак да продолжиш да стоиш? Приказна која ќе ви покаже дека некогаш човек може да се смее на работи кои никој не ги смета за смешни. Која ќе ве научи дека акцентот треба да се става на животот. Приказна во која двајца кои се сакаат треба да научат да бидат само пријатели и приказна која ќе ви покаже дека семејството некогаш се и само пријателите…
„Уникатно, како ништо што сте прочитале досега. Што чекате, прочитајте ја веднаш!“ – Тамара Вебер
350 ден
2 на залиха
Дали е подобро никогаш да не се вљубиш или да се вљубиш во некој кој не можеш да го имаш?
Ова е приказна за една девојка која го губи својот татко толку ненадејно што ѝ се разнишува целиот свет. Приказна за една мајка која се обидува да ги заштити своите деца по секоја цена, макар и со лаги. Приказна за едно сираче од дом. Приказна за наоѓање на вистинска љубов и нова надеж, но и за претворање на таа љубов во забранета. Колкупати може светот да ти се сруши под нозе, а сепак да продолжиш да стоиш? Приказна која ќе ви покаже дека некогаш човек може да се смее на работи кои никој не ги смета за смешни. Која ќе ве научи дека акцентот треба да се става на животот. Приказна во која двајца кои се сакаат треба да научат да бидат само пријатели и приказна која ќе ви покаже дека семејството некогаш се и само пријателите…
„Уникатно, како ништо што сте прочитале досега. Што чекате, прочитајте ја веднаш!“ – Тамара Вебер
ISBN: 978-608-4672-32-6
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2014
Број на страници: 265
Стефани (го има купено овој производ од сајтот) – :
Фино книгиче,мене многу ми се допадна.
Уживав во секоја страница.😊
Слаѓан – :
Колин Хувер е мајстор кога станува збор за романси; иако ова можеби не е нејзината најдобра книга, сепак вреди да се прочита – добар хумор, срцепарателни настани и многу поезија, јас уживав додека ја читав 🙂
Денис – :
Не е лоша , но сепак не ми остави голем впечаток.
Marija – :
Навистина предобра книга. Успеа во ист момент да ме натера да плачам и да се смеам на глас.
Клара – :
Прекрасна. Како девојка од 15 години навистина оваа книга беше се што може и да се очекува од Колин Хувер. Едноставно жената знае како да те натера да се смееш и да плачеш во исто време.
Наталија – :
Една од моите омилени YA романси.
Александар Николовски – :
Не е лоша, но со оглед на тоа дека Колин има подобри книги, оваа ми беше малку накај просечна 3.5/5
Biljana Martinovska (го има купено овој производ од сајтот) – :
Iako e nejzin prv roman, neverojatno e dobar!