Среќна што ќе може да му помогне на своето семејство, Лакшими го напушта Непал и пристигнува во „Куќата на среќата“ полна со надеж. Но таа многу брзо ќе ја дознае вистината: дека нејзиниот очув ја продал како бело робје директно во водите на проституцијата.
Животот на Лакшими станува кошмар од кој не може да побегне. Таа попрво би умрела отколку да се продава на тој начин, но сфаќа дека не постои шанса да се спаси од тоа место додека не си го врати „долгот“, односно сумата која била платена за неа. Водена од зборовите на мајка си: „Самото издржување е триумф“, таа се обидува да продолжи со хоророт во кој се претвора нејзиниот живот и да издржи, да триумфира… па можеби еден ден, дури и да најде начин за да побегне оттаму…
Приказна раскажана низ повеќе раскази, кратки и остри, мали и болни, директни и без заобиколување на вистината. Ќе ја прочитате во еден здив, ќе ја спуштите со насолзени очи. Зошто, ќе се запрашате зошто некои деца имаат ваква судбина додека други скокаат на јаже и јадат сладолед?! Дали е фер? Дали е праведно?
Најтрагичното е тоа што оваа книга се базира на вистинити настани и авторката го поминала целиот пат опишан во книгата за да собере детали за својата приказна. Таа запознала жени кои имале ваков живот, жени кои до денешен ден шетаат по граничните премини на Индија, Непал и Кина и внимаваат на малечките девојчиња кои преминуваат граница со постари мажи, се обидуваат да ги спасат од својата судбина…
Стефани – :
Книгава ја имам читано одамна и беше меѓу првите книги кои ги купив од “Сакам Книги”.
Приказната многу ми се допадна,а воедно и ме растажи малку.Сепак се опишува една друга реалност која сите ние мислиме дека е далеку од нас,но всушност не е.
Препорачувам!😊
biskovski18 – :
Одлична 🙂