• img-book

    Лорен Лејн

Попуст!

ISBN: 978-608-4672-72-2

Проблемот со бившите

од: Лорен Лејн
4.67 од 5 од 3 оцени на читатели
3 оцени од читатели

Ема Синклер е експертот за раскинувања и скршени срца на списанието Stilleto, а таа е најдобра во тоа што го работи затоа што пишува од лично искуство. Пред пет години, Ема била лудо вљубена идна невеста. Сега е ледената кралица на Менхетен. Ема го оставила Југот зад себе, но дури ни нејзините најдобри пријателки не знаат дека си го оставила и срцето таму. Сега, нејзиниот шеф во Stilleto ѝ дава задача да се соочи со сите нејзини бивши; меѓу кои и ѓаволесто секси типот што ја оставил пред олтарот.

Алекс Кесиди упорно си ги гледа сите соништа како му се рушат пред очи. Кога конечно наоѓа нова професија што ја сака, чиста коинциденција е што одбира работа во истата област и во истиот град како неговата поранешна свршеница… така? И Алекс не може да не се прашува што ќе беше… Но за разлика од наивната девојка што ја помни тој, оваа Ема е кул, софистицирана и нездраво самоуверена – и таа не сака да има апсолутно ништо со него. Проблемот е во тоа што Алекс никогаш не ја посакувал повеќе.

button-new

390 ден273 ден

1 на залиха

Количина:
Додадена
Запознајте се со авторот
avatar-author
- Lauren Layne
Лорејн Лејн е најпродаван автор според USA TODAY на повеќе од десет комедии.  Како веб маркетинг менаџер од Сиетл, во 2011 година Лорен се сели во Њујорк и целосно му се посветува на пишувањето.
Книги од Лорен Лејн
Додадена
Рецензија на уредник

Ема Синклер е експертот за раскинувања и скршени срца на списанието Stilleto, а таа е најдобра во тоа што го работи затоа што пишува од лично искуство. Пред пет години, Ема била лудо вљубена идна невеста. Сега е ледената кралица на Менхетен. Ема го оставила Југот зад себе, но дури ни нејзините најдобри пријателки не знаат дека си го оставила и срцето таму. Сега, нејзиниот шеф во Stilleto ѝ дава задача да се соочи со сите нејзини бивши; меѓу кои и ѓаволесто секси типот што ја оставил пред олтарот.

Откако му пропаднале сите шанси за професионална кариера во фудбал поради лоша повреда, Алекс Кесиди упорно си ги гледа сите соништа како му се рушат пред очи. Кога конечно наоѓа нова професија што ја сака, чиста коинциденција е што одбира работа во истата област и во истиот град како неговата поранешна свршеница… така? И Алекс не може да не се прашува што ќе беше да беше… Но за разлика од наивната девојка што ја помни тој, оваа Ема е кул, софистицирана и нездраво самоуверена – и таа не сака да има апсолутно ништо со него. Проблемот е во тоа што Алекс никогаш не ја посакувал повеќе.

Детали

ISBN: 978-608-4672-72-2
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2016
Број на страници: 276

  1. :

    5 out of 5

    Овој ден од серијалот ептен ми се допадна и уживав додека ја читав книгава.Убаво знае да те опушти и насмее во исто.Овој дел и “Онаа ноќ во Њујорк” ми се омилени од серијалот.😊

  2. (го има купено овој производ од сајтот):

    4 out of 5

    Обично не читам вакви книги, но Лорен Лејн ми годеше со книгава и те како 🙂

  3. :

    5 out of 5

    Супер приказна, испреплетена со многу хумор, брзо читлива и лесен стил на пишување карактеристичен за Лорен Лејн 😀