-
Аманда Провс
Приказна на една мајка
од: Аманда ПровсЖивотот на Џесика тече подобро од сите нејзини очекувања и замисли. Таа си ја добива свадбата од соништата, го има совршениот маж, адвокатот Метју, и заедно купуваат прекрасна, скапа куќа во преубава населба. Најдоброто од сè е тоа што по само неколку месеци, чекаат дете.
Додека ја уредуваат детската соба и купуваат бебешки работи, таа упорно ја чека радоста што треба да ја донесе мајчинството. Но искуството на Џесика е далеку од радосно и убаво. Зошто не ја трансформираат мајчински чувства? Каде е сè што треба да дојде – каде е таа инстантна љубов што треба да ја чувствува за нејзиното дете?
Никој ја нема предупредено дека да бидеш мајка може да биде страшно и извор на нездрава осаменост. Никој ѝ нема кажано дека не сите жени ги сакаат своите бебиња. Можеби е најдобро Џесика сега засега да си ја чува оваа тајна за себе…
390 ден
3 на залиха
Животот на Џесика тече подобро од сите нејзини очекувања и замисли. Таа си ја добива свадбата од соништата, го има совршениот маж, адвокатот Метју, и заедно купуваат прекрасна, скапа куќа во преубава населба. Најдоброто од сè е тоа што по само неколку месеци, чекаат дете.
Додека ја уредуваат детската соба и купуваат бебешки работи, таа упорно ја чека радоста што треба да ја донесе мајчинството. Но искуството на Џесика е далеку од радосно и убаво. Зошто не ја трансформираат мајчински чувства? Каде е сè што треба да дојде – каде е таа инстантна љубов што треба да ја чувствува за нејзиното дете?
Никој ја нема предупредено дека да бидеш мајка може да биде страшно и извор на нездрава осаменост. Никој ѝ нема кажано дека не сите жени ги сакаат своите бебиња. Можеби е најдобро Џесика сега засега да си ја чува оваа тајна за себе…
ISBN: 978-608-4741-07-7
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2017
Број на страници: 292
Андријана – :
Книгава е прекрасна, опфака една табу тема, тема за која многу малку се зборува или е целосно непозната. Тема од која што мајките кои се соочуваат со пост породилна дрпресија(ако се свесни) се срамат. Главниот лик ги доловува чувствата, успоните и падовите, борбата, агонијата и жртвата, и те тера да размислуваш за тоа колку голема и тешка е улогата МАЈКА. Моја најтопла препорака, за сите идни и млади мајки.
Се чита во еден здив.
Наташа – :
Препорачувам. Уште сум под импресии.
Александар Николовски (го има купено овој производ од сајтот) – :
Приказната е добра, но книгата во глобала е сосем просечна…
Слаѓан Бишковски – :
Одлична приказна, брзо читлива, емотивна и сликовита; ја препорачувам 🙂