• img-book

    Лиса Гарднер


ISBN: 978-608-4672-41-8

Преживеј за да раскажуваш

од: Лиса Гарднер
4.5 од 5 од 6 оцени на читатели
6 оцени од читатели

KОЛКАВИ СЕ ШАНСИТЕ ДА ПРЕЖИВЕЕШ…

Една грозоморна ноќ завршува со брутално убиено семејство. Мајката и трите деца се мртви, а таткото – и потенцијален осомничен – се бори за живот на одделот за интензивна нега.

Случајот е навидум едноставен, тешката финансиска ситуација го натерала да си го поштеди семејството од беда пред да изврши самоубиство, но детективката Ди Ди Ворен знае дека ништо никогаш не е толку едноставно.

Медицинската сестра Даниела Бартин има доживеано слична трагедија. Таа има преживеано за да раскажува како нејзиниот татко ѝ го сотрел целото семејство пред очи пред дваесет и пет години. Сега вработена во детска психијатриска болница, Даниела е сигурна дека минатото е одамна закопано. Сè додека прашањата на Ди Ди Ворен не почнат да ѝ враќаат сè.

Викторија Оливер е посветена мајка, решена да го заштити својот син по секоја цена. Но, исто како и Даниела, таа наскоро ќе открие дека најужасните злосторства можат да бидат оние најблиските до домот.

…ЗА ДА ГО РАСКАЖУВАШ ОНА ШТО ЌЕ ТИ СЕ СЛУЧИ?

button-new

420 ден

Моментално недостапна

Запознајте се со авторот
avatar-author
- Lisa Gardner
Лиса Гарднер е американски бр.1 Њујорк Тајмс автор на крими трилери. Со повеќе од 22 милиони книги во печат, Лиса е објавена во над 30 земји. Нејзиниот успех преминува на мал екран и четири од нејзините романи стануваат филмови. Живее во Њу Хемпшир со сопругот и ќерката.
Книги од Лиса Гарднер
Рецензија на уредник

КОЛКАВИ СЕ ШАНСИТЕ ДА ПРЕЖИВЕЕШ…

Една грозоморна ноќ завршува со брутално убиено семејство. Мајката и трите деца се мртви, а таткото – и потенцијален осомничен – се бори за живот на одделот за интензивна нега.

Случајот е навидум едноставен, тешката финансиска ситуација го натерала да си го поштеди семејството од беда пред да изврши самоубиство, но детективката Ди Ди Ворен знае дека ништо никогаш не е толку едноставно.

Медицинската сестра Даниела Бартин има доживеано слична трагедија. Таа има преживеано за да раскажува како нејзиниот татко ѝ го сотрел целото семејство пред очи пред дваесет и пет години. Сега вработена во детска психијатриска болница, Даниела е сигурна дека минатото е одамна закопано. Сè додека прашањата на Ди Ди Ворен не почнат да ѝ враќаат сè.

Викторија Оливер е посветена мајка, решена да го заштити својот син по секоја цена. Но, исто како и Даниела, таа наскоро ќе открие дека најужасните злосторства можат да бидат оние најблиските до домот.

…ЗА ДА ГО РАСКАЖУВАШ ОНА ШТО ЌЕ ТИ СЕ СЛУЧИ?

Детали

ISBN: 978-608-4672-41-8
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2015
Број на страници: 395

  1. (го има купено овој производ од сајтот):

    5 out of 5

    Добар трилер иако прерано го открив негативецот,вреди да се прочита оваа книга.🤗

  2. :

    5 out of 5

    Преемногу ми се допадна, како и сите нејзини останати книги. Гарднер е закон за трилери! ❤️

  3. :

    3 out of 5

    Океј беше, ама не ми остави некој впечаток. Тоо much ми беше причата со убиствата, па со децата, па премногу клише реплики од американски филмови, премногу bad ass моменти закачени за детективката…. А и приказната со убиецот не ме убеди баш, заедно со моментот дека предвидов кој би бил.

  4. :

    5 out of 5

    Како и секоја книга на Лиса и оваа ја прочитав во еден здив.
    Сепак, би сакала издавачите да ги издаваат книгите по серијали и по ред со оглед да издаваат наизменично по некоја книга од двата серијала и не хронолошки како што излегле. Би сакале цел серијал да го издадете.

  5. :

    4 out of 5

    Книгава тука е некаде рамо до рамо со Јас те сакам повеќе, браво за авторката 4.5/5

  6. :

    5 out of 5

    Врв е книгата – навистина ме воодушеви, браво за авторката 🙂