• img-book

    Лиса Гарднер

Пред таа да исчезне

од: Лиса Гарднер

Една обична жена нема да дозволи ништо да ја запре да ги пронајде исчезнатите луѓе кои остатокот од светот ги има заборавено.
Френки Елкин е просечна средовечна жена, зависничка од алкохол во фаза на лекување, со куп нешта во животот за кои се кае.

Но сега го поминува времето правејќи го она што никој друг не го прави – бара исчезнати луѓе кои светот престанал да ги бара. Кога полицијата се откажува, кога јавноста заборава, кога медиумите престануваат да обрнуваат внимание, тогаш Френки почнува да бара.

Нов случај ја води во бостонско соседство со лоша репутација. Ја бара Анжелик, тинејџерка со потекло од Хаити, која исчезнала од своето средно училиште пред неколку месеци. Отпорот на бостонската полициска станица и семејството на жртвата ѝ даваат до знаење дека е препуштена сама на себе . Но ништо нема да ја спречи да ја открие вистината, па макар тоа значело следната исчезната личност да биде лично таа.

550 ден

Количина:
Запознајте се со авторот
avatar-author
- Lisa Gardner
Лиса Гарднер е американски бр.1 Њујорк Тајмс автор на крими трилери. Со повеќе од 22 милиони книги во печат, Лиса е објавена во над 30 земји. Нејзиниот успех преминува на мал екран и четири од нејзините романи стануваат филмови. Живее во Њу Хемпшир со сопругот и ќерката.
Книги од Лиса Гарднер
За книгата

“Пред таа да исчезне”

Уште нема коментари за овој производ.