-
Колин Хувер
Предоцна
од: Колин ХуверСлоун би отишла до пеколот и назад за оние коишто ги сака. И го прави тоа, секој Божји ден. Заглавена во врска со опасниот и морално корумпиран Ејса, таа е подготвена на сè, само за да преживее додека не најде излез. И нема намера да дозволи ништо да ѝ застане на патот.
Ништо, освен Картер.
Слоун е најдоброто нешто што некогаш му се случило на Ејса. И ако се прашува тој, тој е најдоброто нешто што некогаш ѝ се случило нејзе. И покрај тоа што таа не го одобрува неговиот криминален животен стил, тој го прави она што е неопходно за да биде чекор пред сите во бизнисот. И чекор пред Слоун. И нема намера да дозволи ништо да му застане на патот.
Ништо, освен Картер.
490 ден289 ден
Слаѓан – :
Доста поразлична од претходните на Хувер, но сепак ми се допадна.
Мрачна приказна за траумите, опсесијата и прошката. Книга која ќе ве вознемири
и која останува во сеќавање.