• img-book


ISBN: 978-608-4741-11-4

Погледот на Делфика

5 од 5 од 8 оцени на читатели
8 оцени од читатели

За прославата „Еден милениум од Римската држава“, сите патишта водеа кон Рим. Реки од луѓе доаѓаа во престолнината за да ја одбележат и прослават силата на Римското царство.

И двајцата беа родени од љубов, во времето кога владееше омразата и неправдата меѓу луѓето. Додека на запад од империјата, Евтропие и Јустина конечно ја допреа среќата со раѓањето на нивниот долгоочекуван син – на истокот, во заборавените предели на империјата, се роди зракот на светлина во ќерката на Арам и Иоана.

Во Битинија, при големото невреме и страшниот бродолом во Астачкиот залив, единствениот преживеан од потонатата галија, рибарите повреден го однесоа во куќата на меанџијата од Дрепана. Во домот на Ерменецот и неговите спомени, повторно се роди вистинската љубов и надежта за двете осамени души, предодредени истата да му ја подарат на светот… И покрај сите искушенија, Констанциј не ја загуби силата на љубовта и желбата да го заштити своето семејство од нив… До последниот ден од животот, тие знаеја дека сите нивните страдања не се залудни и тешки, наспроти правдата и вистината која со раѓањето на Константин им ја донесоа на луѓето… Во неговата возраст, со стекнатата сила, слава и мудрост, на христијаните им ја врати слободата на верувањето, а со својата мајка и нејзината љубов кон Господа, конечно им ја откри и потврди вистината за Исусовото постоење и страдање над крстот, како и доследноста на вистинското верување во него.

300 ден

Моментално недостапна

За книгата

  1. :

    5 out of 5

    Преубава книга ❤ Предобро напишана книга за историјата, верата и надежта. Одлично патување низ времето, а покрај сето тоа научив и многу работи. Препорака на сите љубители на историјата.
    Оцена: 5/5⭐

  2. (го има купено овој производ од сајтот):

    5 out of 5

    Интересно историско книгиче кое изобилува со информации. Стилот на авторот е несекојдневен,посебен и слободно можам да кажам дека баш е уникатен.😊 За сите љубители на историски книгички,препорачувам.

  3. :

    5 out of 5

    Само што ја прочитав книгата и додека ме држи импресијата од неа решив да ја споделам на Вашата страна.
    Одамна не сум читала книга од македонски автори со вака посебен стил на пишување која ве води низ времето и местото и едноставно не ви дава мир додека не ја прочитате до крај…ве води низ вековте и историјата ..ви ја раскажува како да гледате филм и така брзо ве обзема и исполнува и останува да се подзамислиме од пораките кои ни ги дава… Покрај тоа што имав прилика да научам многу детали кои не ги знаев за животната приказна на Елена ….едноставно се чуствував како да сум дел од историјата низ вековите… и пораката која до ден денеска се провлекува од Римската империја до нашето парче земја. Прекрасна книга која ќе ви остава траги…ви буди спомени…ве тера да размислувате….Искрено ја препорачувам за љубителите на добра книга. Од истиот автор ја имам прочитано пред повеќе од десет години , неговата дебитанска книга Проколната земја … на која се сеќавам до ден денеска и за која знам дека ронев бескрајно многу солзи а ја прочитав во здив. Погледот на Делфика е напишана во сличен стил по кој се препознава авторот со малку поинаква тематика а со голема порака како и првата книга. Честитки …

  4. :

    5 out of 5

    Можеш ли да докажеш ЉУБОВ. Да ја преобличиш, да и дадеш форма и лик, да ја допреш за да ја направиш видлива, за да докажеш дека постои, дека е вистина…. Та нели љубов само со љубов се докажува.
    Ова е роман за љубов. Приказна кој наративот го зема од историски ликови и настани преку кои авторот со суптилна леснотија и посебна драмска умешност го менува обликот на љубовта, од љубов кон саканиот преку приказната за Констанциј и Елена, љубов кон својата рожба како Кралицата Елена го сака својот син Константин, љубов за моќ и превласт , скриена под плаштот со извезен крст, под кој римските Папи ја кријат слабоста на духот, љубов за уметноста и бесмртноста на Микеланџело насликана во сводот на Сикстинската капела …за да тивко стигне до љубовта кон грутката земја од која сме изртиле и да заврши во ултимативна љубов, љубов над сите облици на љубов…

    Ви треба ли доказ? За љубов?

  5. :

    5 out of 5

    За да запознаеш еден народ ,треба да ја запознаеш неговата историја и традиција..
    Да запознаеш некоја религија треба да навлезеш длабоко во нејзината филозофија и да ја проучиш од самото нејзино постоење…
    Да умееш да го преточиш тоа низ поетско перо ,верувам дека треба да си благословен и ,,одбран ,, за да токму Ти го напишеш тоа.
    Читајќи ја оваа прекрасна книга во која стекнав знаења за земската мисија на Св. Константин и Св.Елена, не можам да останам рамнодушна и да не ги искажам своите импресии кон ова дело. Толку многу историски податоци преплетени со возвишени емоции кон една безвременска љубов и надеж дека таква постои…
    И на крајот се чувствуваш толку среќен и исполнет со верба дека доброто ќе го покори злото , а за таа вечна борба ти е потребен само ,,штитот , , како што вели Мирон Динков – Верата е најголем штит со кој еден народ може да извојува најголема битка.
    Верувам дека оваа порака ќе одѕвонува во секој кој ќе посака да ја прочита оваа книга. Погледот на Делфика мене лично уште долго ќе ме демне…

  6. :

    5 out of 5

    Мене ме освои уште на првата страница. И со истата наеженост и љубопитност ме држеше до последната. Низ вечната историја за римската империја, христијанството, правдата т. е. неправдата, стигнувате до нашето парче земја. И како што пишува самиот автор: Низ сета таа наша историја и постоење, ние се уште не успеавме да станеме подобри кон себе или кон другите околу нас. Топла препорака за секого, кој сака да ја открие вистината.

  7. :

    5 out of 5

    Dokolku eden narod si go znae svoeto minato, toj ke moze smelo da cekori vo segasnosta i za sebe da izgradi svetla idnina. Ovoj roman im go preporacuvam na onie koi i pokraj site nepravdi so koi izobiluva naseto sekojdnevie, odbivaat da se otkazat od svoeto vistinsko mesto vo svetot i ne ja gubat nadezta deka eden den konecno vistinata ke gi oslobodi od prangite na temninata (neznaenjeto) preku koja zloto vladee so nasite zivoti.

  8. :

    5 out of 5

    Прекрасно четиво !!! Искрено го препорачувам за љубителите на добра книга ,која лесно ве води низ времето,доближувајки ја приказната за Св.Константин и Елена исполнета со вера, љубов ,надеж…