• img-book

    Џон Марс


ISBN: 978-608-260-053-6

Патниците

од: Џон Марс
4.83 од 5 од 6 оцени на читатели
6 оцени од читатели

Замислете дека се возите во кола која управува самостојно, кога одеднаш вратите се заклучуваат, рутата автоматски се менува и ја губите целата контрола над возилото. И тогаш, преку звучниците, мистериозен глас ви вели: „Наскоро ќе умреш“.

Баш кога светот конечно почнува да добива сè поголема доверба во возилата кои управуваат сами, осум лица се наоѓаат во страшна ситуација кога нивните автономни возила се хакирани и добиваат програмски насоки да се судрат во една точка за одредено време. Кој од патниците ќе преживее, а кој ќе умре, одлучуваат гласачите од социјалните мрежи.

Патниците кои во моментот се возат во возилата се: телевизиска ѕвезда, трудна млада жена, онеспособен пензиониран воен херој, жртва на семејно насилство која бега од својот насилен маж, илегален имигрант, двајца сопружници кои се родители на две дечиња и патуваат во две различни возила и еден суицидален маж. Преку камери скриени во нивните возила, милиони ширум светот ја следат нивната паника. Јавноста треба да гласа и да пресуди кој од нив треба да преживее, но со секоја следна страница сфаќаме дека ниту еден од патниците не е она што се претставува на почетокот…

450 ден

Моментално недостапна

Запознајте се со авторот
avatar-author
Џон Марс е автор на три книги од кои негов најнов и најголем хит е трилерот Вистинскиот, веќе преведен во голем број на земји.
Книги од Џон Марс
За книгата
Детали

ISBN: 978-608-260-053-6
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2020
Број на страници: 410

  1. :

    4 out of 5

    Уште една оригинална приказна од Џон Марс. Вистинскиот за нијанса ми е подобра, но и оваа ептен солидна, препорака за секого, 4,4/5! 🙂

  2. :

    5 out of 5

    Книгава е феноменална – оригинална приказна со непредвидливи пресврти, од првата
    до последната страница, а особено крајот мене лично ми беше предобар! 😀

  3. :

    5 out of 5

    Одлична книга.Многу пресврти и одлична приказна
    10/10

  4. :

    5 out of 5

    Феноменална Книга

  5. (го има купено овој производ од сајтот):

    5 out of 5

    Па,редно беше да прочитам еден совршен трилер.Да,токму тој е зборот за да се опише книгава❣🙀💥
    Сите што сакаат да читаат трилери,ова е книгата за вас.😊

  6. :

    5 out of 5

    Искрено се воодушевив од книгава! Кога почнав да ја читам едноставно не можев да ја испуштам од раце. Феноменална, со многу пресврти што ме оставија без зборови. Ја препорачувам без сомнение.👏❤️