-
Сузан Е. Филипс
Ова мое срце
од: Сузан Е. ФилипсМоли Сомервил има репутација на бељаџика. Има нешто што внатрешно ја јаде и одвреме-навреме ѝ создава нагони за правење проблеми и бељи, а предзнак за тоа обично е менувањето на фризурата. Но добро, никој не е совршен. Инаку, може да се каже дека има скоро идеален живот. Ја обожава својата работа, својот тешко заработен стан, својата француска пудлица, па дури и сестра си во чија сенка живее цел живот, бидејќи не е толку убава, успешна и гламурозна како неа.
Единствениот проблем ѝ е тоа што е безнадежно вљубена во страшно згодниот и популарен рагбист, Кевин Такер, со кој едноставно нема никаква шанса. Тој не ѝ го знае дури ни името!
Една вечер, нејзината склоност кон правење глупости ја вплеткува во комплицирана ситуација со Кевин, па нејзиниот свет одеднаш се превртува наопаку. Една грешка, една непромислена глупост, целосно им ги менува животите на двајцата и прави човекот што го сака да ја замрази.
390 ден195 ден
Моментално недостапна
Моли Сомервил има репутација на бељаџика. Има нешто што внатрешно ја јаде и одвреме-навреме ѝ создава нагони за правење проблеми и бељи, а предзнак за тоа обично е менувањето на фризурата. Но добро, никој не е совршен. Инаку, може да се каже дека има скоро идеален живот. Ја обожава својата работа, својот тешко заработен стан, својата француска пудлица, па дури и сестра си во чија сенка живее цел живот, бидејќи не е толку убава, успешна и гламурозна како неа.
Единствениот проблем ѝ е тоа што е безнадежно вљубена во страшно згодниот и популарен рагбист, Кевин Такер, со кој едноставно нема никаква шанса. Тој не ѝ го знае дури ни името!
Една вечер, нејзината склоност кон правење глупости ја вплеткува во комплицирана ситуација со Кевин, па нејзиниот свет одеднаш се превртува наопаку. Една грешка, една непромислена глупост, целосно им ги менува животите на двајцата и прави човекот што го сака да ја замрази.
Вљубувањето понекогаш боли, понекогаш прави да го изгубиш умот, но понекогаш, ако имаш голема среќа, скршеното срце може да заздрави на најнеочекуван и посебен начин.
ISBN: 978-608-4672-55-5
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2015
Број на страници: 380
Уште нема коментари за овој производ.