-
Али Мартинез
Од жарјето
од: Али МартинезЧудни се нештата на кои се сеќава човек по трагедија. Како на пример:
– Оглушувачкиот звук на експлодирање на куќата.
– Парализирачкиот страв додека ја барав мојата сопруга.
– Заслепувачкиот чад кој ми ги гореше очите додека ја изнесував на раце.
Но она што ќе остане најсилно врежано во мојата душа до крајот на мојот живот ќе биде потресниот момент кога сфатив дека жената во моите раце всушност не е мојата сопруга.
Јас и Бри бевме единствените преживеани во фаталната несреќа – иако ни на двајцата не ни се ни живееше веќе по таа ноќ. Како самохран татко на кој штотуку му изгоре домот и сѐ што поседував, немав друг избор, па ја прифатив нејзината великодушна понуда привремено да се вселам во нивната гостинска куќарка. И некако, низ болката и тагата, оформивме еден невообичаен тим. Беа потребни години, но гледав како постепено ѝ се враќа насмевката на лицето – бавно и прекрасно. Навечер седевме и разговаравме со часови, празни муабети, но пополнуваа огромна дупка во моите гради.
Иако јас ја изнесов неа од пожарот, вистината е дека Бри ме спаси мене. Нашата љубов се роди од жарјето, но којзнае дали можевме да ја преживееме и експлозијата од тајни и лаги од минатото.
420 ден249 ден
Чудни се нештата на кои се сеќава човек по трагедија. Како на пример:

Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање:
Број на страници:
PatkaShatka (го има купено овој производ од сајтот) – :
Книгава има од мене чиста 5ка. Лесно читлива.
Миа – :
Совршенство од книга!
Лесно читлива, а воедно прекрасна, уникатна приказна.
Кaко човек може повторно да го создаде сопствениот живот од останатите парчиња од минатото.
Ме потсети на Крпен живот.
5/5 🌠
Изабела Велковска – :
“Премногу ноќи лежев буден во кревет и одново и одново си го одигрував пожарот во главата, додека стомакот ми го гризеше киселина кога ќе помислев дека ја спасив погрешната жена.”
Книга која ќе успее да ве трогне уште во првите неколку страници. Книга која ќе ве натера да се вљубите во секој од ликовите. Книга која ќе ве насмее, но и расплаче. Јас се соживеав со приказната, се заљубив во ликовите и не сакав оваа приказна да заврши. Топло ви ја препорачувам ❤
Љубов која се раѓа од жарјето, дали ќе успее да ги надмине и преброди сите тајни и лаги од минатото?
Слаѓан – :
Прекрасна приказна за љубовта, родителството и жртвите што се носат во име на
семејството. Емотивна книга, на моменти зачинета со одличен хумор и романтични мигови,
голема препорака од мене – лесна за читање, уживав во секоја страница.