- You cannot add "Во врска со онаа ноќ" to the cart because the product is out of stock.
-
Кристан Хигинс
Од љубов до омраза
од: Кристан ХигинсТопла и духовита приказна за богата девојка која открива дека можеби малку напорна работа е баш она што ѝ треба…
Откако нејзиниот татко го губи целото семејно богатство во нелегална зделка, самохраната мајка Паркер Велс е соочена со неколку многу тешки одлуки. Како прво: таа мора да се упати кон Заливот Гидеон, Мејн, за да го продаде единствениот имот кој сега го поседува – една мала полу распадната колиба на брегот која бара сериозно средување. Кога потрчкото на нејзиниот татко, неговиот личен адвокат Џејмс Кахил, се нуди да дојде со неа за да ѝ помогне, таа не е воодушевена, но нема други опции.
Со оглед на тоа што сега мора да заработува за себе и за своето синче, Паркер почнува да работи во цвеќарница и полека да се наоѓа себеси по пат. Можеби животот без богатство и не е толку лош. И можеби Џејмс не е толку плиток и расипан како што мисли таа.
Ова се ликови кои ќе ги обожавате, ова е приказна во која просто ќе се вљубите додека се смеете со насолзени очи!
390 ден
Моментално недостапна
Топла и духовита приказна за богата девојка која открива дека можеби малку напорна работа е баш она што ѝ треба…
Откако нејзиниот татко го губи целото семејно богатство во нелегална зделка, самохраната мајка Паркер Велс е соочена со неколку многу тешки одлуки. Како прво: таа мора да се упати кон Заливот Гидеон, Мејн, за да го продаде единствениот имот кој сега го поседува – една мала полу распадната колиба на брегот која бара сериозно средување. Кога потрчкото на нејзиниот татко, неговиот личен адвокат Џејмс Кахил, се нуди да дојде со неа за да ѝ помогне, таа не е воодушевена, но нема други опции.
Со оглед на тоа што сега мора да заработува за себе и за своето синче, Паркер почнува да работи во цвеќарница и полека да се наоѓа себеси по пат. Можеби животот без богатство и не е толку лош. И можеби Џејмс не е толку плиток и расипан како што мисли таа.
Ова се ликови кои ќе ги обожавате, ова е приказна во која просто ќе се вљубите додека се смеете со насолзени очи!
ISBN: 978-608-4741-03-9
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2014
Број на страници: 350
Изабела Велковска (го има купено овој производ од сајтот) – :
“Топла и духовита приказна за богата девојка која открива дека можеби малку напорна работа е баш она што и треба”.
Паркер Велс живее во палата заедно со својот син Ники.
Нејзината книга “Ангелчињата на ролери”, доживеала многу голема популарност. Џоли, Поли, Моли, Ајк, Мајк и Спајк влетуваа во животите на децата на ролери, јадеа ангелски торти и тешеа деца. Тие пренесуваа пискави пораки и ширеа радост.
Една вечер доаѓа на посета нејзиниот татко кој и соопштува за неговиот банкрот. Тоа значи дека Харпер мора да се пресели, бидејќи нејзиниот татко ликвидирал одредени средства, како фондот со нејзиното наследство и фондот на Ники. Татко и наскоро ќе оди во затвор за признаеното дело. Единствената позитивна работа е тоа што куќата во Мејн, на Заливот Гидеон, која припаѓала на сестрата на баба и е на нејзино име.
После шокантната вест таа одлучува да ја прифати ситуацијата и да оди во Мејн. Смета дека најдобро би било да да потроши малку пари за да ја среди куќата, потоа да ја продаде и да се врати овде, каде ќе најде ново место за живеење.
Џејмс Кахил кој работи како личен адвокат на нејзиниот татко се нуди да дојде со неа за да и помогне околу куќата. Таа не е воодушевена од неговото присуство, но нема други опции освен да прифати.
Пристигнувањето во Мејн и соочувањето со нејзиното наследство, кое е всушност единствениот имот кој го поседува тотално ја разочарува.
Паркер почнува да работи во цвеќарница и сфаќа дека животот без богатство можеби и не е толку лош. Стекнувањето на нови пријателства ќе и помогнат да се вклопи во новата средина.
Времето поминато со Џејмс ќе ја поттикне да го смени нејзиното мислење за него, ќе сфати дека тој не е толку плиток и расипан како што таа мислела.
Џејмс има многу добри страни, но и тајни кои ги крие од неа. Паркер е осамена и пати за сродна душа, но сепак не е сигурна дека е подготвена за нова љубов.
“Мислам, дека ти чекаш луѓето да те разочараат…”
Одлична книга пишувана во стилот на Џули Џејмс и Сузан Елизабет Филипс. Книга која ќе ве насмее и освои уште во првите неколку страници.
Изабела Велковска (го има купено овој производ од сајтот) – :
Одлична книга пишувана во стилот на Џули Џејмс и Сузан Елизабет Филипс. Книга која ќе ве насмее и освои уште во првите неколку страници.
“Мислам, дека ти чекаш луѓето да те разочараат…”
Гордана – :
Книга по мој вкус, петка.
Мила – :
Приказна што ќе ве опушти и насмее во исто време. Супер е!
.bube apostolovska – :
Mene mi me dopadna
Александар Николовски – :
Чист просек е книгава, но не е толку разочaрувачка…