• img-book

    Емили Гифин

Попуст!

ISBN: 978-608-4672-29-6

Нешто сино

од: Емили Гифин
5 од 5 од 2 оцени на читатели
2 оцени од читатели

Дарси е слатка триесетгодишна девојка, згодна до болка од моментот на нејзиното раѓање, па дури и во нејзините триесетти години. Таа отсекогаш можела да се потпира на неколку работи. Нејзината исклучителна убавина и шарм. Нејзиниот свршеник, Декс. Нејзината најдобра пријателка од детството, Рејчел. Никогаш не ѝ требало ништо друго, никогаш не било важно ништо друго. Ма какви правила, каква карма.

Но, затоа нејзината пријателка од раното детство, Рејчел, е сè она што Дарси не е. Таа е интелигентна, повеќе загрижена за светот во кој живее отколку за нејзиниот изглед… и таа е онаа на која Дарси секогаш ѝ се обраќа кога ѝ е потребен совет. Тие две, иако карактерно спротивни, функционираат заедно цели 25 години…

И сè е идеално во нивниот однос… сè додека… сè додека Дарси не дознае дека нејзиниот вереник ја изневерува. И она што е шокантно е дека, прво, сето тоа го дознава на само неколку недели пред големата фенси свадба која ја планираше; и второ (мислам пошокантно) дознава дека нејзиниот вереник ја изневерува со нејзината најдобра другарка – Рејчел?

button-new

390 ден273 ден

Моментално недостапна

Запознајте се со авторот
avatar-author
- Emily Giffin - 1972
Емили Гифин го напушта правото и целосно се посветува на пишување книги. Таа е американски автор на неколку популарни книги од категoријата чик литература. Во 2011 година излезе филм по нејзината книга „Нешто позајмено“. Таа живее во Атланта, Џорџија со сопругот и трите деца.
Книги од Емили Гифин
Рецензија на уредник

Дарси е слатка триесетгодишна девојка, згодна до болка од моментот на нејзиното раѓање, па дури и во нејзините триесетти години. Таа отсекогаш можела да се потпира на неколку работи. Нејзината исклучителна убавина и шарм. Нејзиниот свршеник, Декс. Нејзината најдобра пријателка од детството, Рејчел. Никогаш не ѝ требало ништо друго, никогаш не било важно ништо друго. Ма какви правила, каква карма.

Добро, малку е површна, не велам глупава, но таа навистина не сака да се оптоварува со големи или хумани каузи, со проблемите како кризата на блискиот исток или сите тие комплицирани и крвопролевачки настани кои ги следиме на телевизија. Не би можело да се каже дека е дури и засегната со економијата или политиката – едноставно не гледа поента во размислување за тоа.

Но, затоа нејзината пријателка од раното детство, Рејчел, е сè она што Дарси не е. Таа е интелигентна, повеќе загрижена за светот во кој живее отколку за нејзиниот изглед… и таа е онаа на која Дарси секогаш ѝ се обраќа кога ѝ е потребен совет. Тие две, иако карактерно спротивни, продолжуваат да функционираат заедно цели 25 години… Дарси живеејќи ултра забавен живот преполн со воодушевувања на новиот моден тренд и попусти низ трговските центри, а Рејчел со нејзините цврсти ставови и мудрост дури нереални за нејзините години.

И сè е идеално во нивниот однос… сè додека… сè додека Дарси не дознае дека нејзиниот вереник ја изневерува. И она што е шокантно е дека, прво, сето тоа го дознава на само неколку недели пред големата фенси свадба која ја планираше; и второ (мислам пошокантно) дознава дека нејзиниот вереник ја изневерува со нејзината најдобра другарка – Рејчел?

Детали

ISBN: 978-608-4672-29-6
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2014
Број на страници: 340

  1. :

    5 out of 5

    “Ја остава нешто позајмено во прашина.”

    Вториот дел продолжува со приказната за Дарси. Таа има исклучителна убавина и шарм, свршеник по име Декс и најдобрата пријателка, Рејчел.

    Декс ја откажува нивната свадба од соништата и го продолжува својот живот со нејзината најдобра пријателка Рејчел.

    Дарси губи голем дел од своите пријатели, ја губи и довербата од семејството. Кога конечно ќе помисли дека е сама и безнадежна нејзината единствена пријателка во моментов, ја потсетува дека може да оди кај својот пријател, Итан во Лондон, кој и е последната утеха во овие моменти.

    Дарси почнува да се обидува да го рекреира својот гламурозен живот на друг континент, но набргу дознава дека нејзините трикови не функционираат. Во тие мигови тргнува по еден сосема нов и за неа незамислив пат.

    Престојувањето во Лондон и носи нови предизвици, нови пријателства и желба за нови промени.

    Ова е приказна за пријателството, предаството, простувањето и вистинската љубов. Книгата ме изненади со неочекуван пресврт и одличен крај. Крај каде што конечно се си дојде на своето место.

  2. :

    5 out of 5

    За мене подобра од првиот дел. Дарси е многу интерсна, нејзиниот лик буквално еволуира додека читаме. Штета што направија филм само по првиот дел.