• img-book

    Емили Гифин


ISBN: 978-608-4672-28-9

Нешто позајмено

од: Емили Гифин
4.2 од 5 од 5 оцени на читатели
5 оцени од читатели

Нешто позајмено ја раскажува приказната на Рејчел, млада адвокатка која живее и работи во Менхетен. Рејчел цел живот живее според правилата, таа е непоправливо добра девојка – прекрасна, послушна ќерка и најдобра пријателка… сè до вечерта на нејзиниот триесетти роденден кога нејзината најдобра пријателка Дарси ѝ приредува забава. Таа вечер, после многу пијалаци, Рејчел завршува во кревет со свршеникот на Дарси. Иако следното утро се буди со ужасна грижа на совест и решена да ја остави страшната грешка зад себе, Рејчел преплашено сфаќа дека таа има искрени и силни чувства за единствениот тип од кој би требало да бега на километри. Свадбата закажана за во септември се наближува страшно брзо, а Рејчел знае дека мора да донесе одлука.

Што е поважно: дали пријателството кое трае скоро цел живот или љубовта на твојот живот? Може ли да се одбере едното без губењето на другото засекогаш да ти го скрши срцето?

Нешто позајмено е феноменална книга продадени во милиони примероци која ќе ве натера да се смеете, да плачете и да вртите кај своите најдобри пријателки.

button-new

390 ден

Моментално недостапна

Клучни зборови: , ,
Запознајте се со авторот
avatar-author
- Emily Giffin - 1972
Емили Гифин го напушта правото и целосно се посветува на пишување книги. Таа е американски автор на неколку популарни книги од категoријата чик литература. Во 2011 година излезе филм по нејзината книга „Нешто позајмено“. Таа живее во Атланта, Џорџија со сопругот и трите деца.
Книги од Емили Гифин
Додадена
Рецензија на уредник

Нешто позајмено ја раскажува приказната на Рејчел, млада адвокатка која живее и работи во Менхетен. Рејчел цел живот живее според правилата, таа е непоправливо добра девојка – прекрасна, послушна ќерка и најдобра пријателка… сè до вечерта на нејзиниот триесетти роденден кога нејзината најдобра пријателка Дарси ѝ приредува забава. Таа вечер, после многу пијалаци, Рејчел завршува во кревет со свршеникот на Дарси. Иако следното утро се буди со ужасна грижа на совест и решена да ја остави страшната грешка зад себе, Рејчел преплашено сфаќа дека таа има искрени и силни чувства за единствениот тип од кој би требало да бега на километри. Свадбата закажана за во септември се наближува страшно брзо, а Рејчел знае дека мора да донесе одлука. Додека се обидува да го направи тоа, таа дознава дека границата помеѓу правилно и погрешно може да биде многу нејасна и дека некогаш мораш да ризикуваш сè за да дојдеш до вистинска среќа.

Што е поважно: дали пријателството кое трае скоро цел живот или љубовта на твојот живот? Може ли да се одбере едното без губењето на другото засекогаш да ти го скрши срцето?

Нешто позајмено е феноменална книга продадени во милиони примероци која ќе ве натера да се смеете, да плачете и да вртите кај своите најдобри пријателки.

Детали

ISBN: 978-608-4672-28-9
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2014
Број на страници: 340

  1. :

    5 out of 5

    “Две најдобри пријателки, еден позајмен свршеник…”

    Рејчел е млада девојка која живее и работи во Менхетен. Таа работи како адвокат во голема њујоршка компанија, тоа по дефиниција значи дека е несреќна. И покрај големиот број на пријатели, таа е сама во град со милиони луѓе. Ситуацијата да изгледа уште пострашно и покатастрофално таа има најдобра и најстара пријателка која работи во ПР и е тазе верена.

    Нејзината најдобра пријателка Дарси и приредува забава за триесетиот роденден. Таа вечер, по многу пијалаци, Рејчел завршува со свршеникот на Дарси. Следното утро се буди со грижа на совест и одлучува да ја остави непромислената грешка зад себе.

    Свадбата на Дарси и Декс е закажана за во септември. Таа сфаќа дека мора да донесе одлука и покрај незините искрени и силни чувства кон Декс.

    “Границата помеѓу правилното и погрешното може да биде многу нејасна и некогаш мораш да ризикуваш се за да дојдеш до вистинска среќа.”

    Дали пријателството кое трае скоро цел живот или љубовта на твојот живот? Што вреди повеќе? Дали може да се одбере едното без губењето на другото да ти го скрши срцето засекогаш?

    Сепак има нешто истовремено што ви делува познато и непознато, што ве тера да продолжите да читате и откриете како ќе заврши.

    Ова е книга за пријателството и љубовта. Последните неколку страни нема да ве остават рамнодушни. Едноставно бев збунета и се ми изгледаше некако невозможно, не знаев од кого да бидам разочарана, а кому да му посакам среќа. Ова е книга која ќе ве насмее и натера да свртите кај своите најдобри пријателки.

  2. :

    5 out of 5

    Топ книга.

  3. :

    5 out of 5

    Добра книга. Иако вториот дел мене ми е подобар!

  4. :

    5 out of 5

    Книгава ми беше 100 пати поубава од филмот, ја голтнав за една вечер.

  5. :

    1 out of 5

    Може е само мое мислење ама подосадна книга во живот немам прочитано. За џабе потрошено време