-
Емили Гифин
Нешто позајмено
од: Емили ГифинНешто позајмено ја раскажува приказната на Рејчел, млада адвокатка која живее и работи во Менхетен. Рејчел цел живот живее според правилата, таа е непоправливо добра девојка – прекрасна, послушна ќерка и најдобра пријателка… сè до вечерта на нејзиниот триесетти роденден кога нејзината најдобра пријателка Дарси ѝ приредува забава. Таа вечер, после многу пијалаци, Рејчел завршува во кревет со свршеникот на Дарси. Иако следното утро се буди со ужасна грижа на совест и решена да ја остави страшната грешка зад себе, Рејчел преплашено сфаќа дека таа има искрени и силни чувства за единствениот тип од кој би требало да бега на километри. Свадбата закажана за во септември се наближува страшно брзо, а Рејчел знае дека мора да донесе одлука.
Што е поважно: дали пријателството кое трае скоро цел живот или љубовта на твојот живот? Може ли да се одбере едното без губењето на другото засекогаш да ти го скрши срцето?
Нешто позајмено е феноменална книга продадени во милиони примероци која ќе ве натера да се смеете, да плачете и да вртите кај своите најдобри пријателки.
390 ден
Моментално недостапна
Нешто позајмено ја раскажува приказната на Рејчел, млада адвокатка која живее и работи во Менхетен. Рејчел цел живот живее според правилата, таа е непоправливо добра девојка – прекрасна, послушна ќерка и најдобра пријателка… сè до вечерта на нејзиниот триесетти роденден кога нејзината најдобра пријателка Дарси ѝ приредува забава. Таа вечер, после многу пијалаци, Рејчел завршува во кревет со свршеникот на Дарси. Иако следното утро се буди со ужасна грижа на совест и решена да ја остави страшната грешка зад себе, Рејчел преплашено сфаќа дека таа има искрени и силни чувства за единствениот тип од кој би требало да бега на километри. Свадбата закажана за во септември се наближува страшно брзо, а Рејчел знае дека мора да донесе одлука. Додека се обидува да го направи тоа, таа дознава дека границата помеѓу правилно и погрешно може да биде многу нејасна и дека некогаш мораш да ризикуваш сè за да дојдеш до вистинска среќа.
Што е поважно: дали пријателството кое трае скоро цел живот или љубовта на твојот живот? Може ли да се одбере едното без губењето на другото засекогаш да ти го скрши срцето?
Нешто позајмено е феноменална книга продадени во милиони примероци која ќе ве натера да се смеете, да плачете и да вртите кај своите најдобри пријателки.
ISBN: 978-608-4672-28-9
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2014
Број на страници: 340
Здравкица – :
Топ книга.
Мила – :
Добра книга. Иако вториот дел мене ми е подобар!
Наталија – :
Книгава ми беше 100 пати поубава од филмот, ја голтнав за една вечер.
Emilija – :
Може е само мое мислење ама подосадна книга во живот немам прочитано. За џабе потрошено време