• img-book


ISBN: 978-608-260-114-4

Некој близок

5 од 5 од 1 оцени на читатели
1 оцена од читател

Тие знаат кој е виновникот. Можеби само потсвесно. Но сепак знаат.

Кога осумгодишната Дејзи Мејсон исчезнува од својот семеен дом во Оксфорд за време на забава со маски, инспекторот Адам Фоли знае дека во девет од десет случаи, киднаперот е некој близок на семејството. А семејството на Дејзи дефинитивно е чудно – мајка ѝ е опседната со впечатокот што го оставаат пред другите, а татко ѝ е ладен и одбранбено настроен за време на испрашувањето. А тука е и помалото братче на Дејзи, толку повлечено и некомуникативно…

Детективот Адам Фоли дава сѐ од себе за да пронајде некоја трага од малото девојче, знаејќи дека секоја секунда е важна, но се чувствува како детето да пропаднало во земја – никој не видел ништо; никој не знае апсолутно ништо. Од друга страна, секој има свое мислење и се чини дека сите имаат по некоја тајна што ја кријат… oсобено членовите на семејството.

420 ден

Количина:
За книгата

  1. :

    5 out of 5

    „Книжевниот свет веќе има огромен број успешни детективски книги, но верувам дека и Кара Хантер ќе го најде своето место меѓу сите нив со овој ОДЛИЧЕН дебитантски роман“ – ова го прочитав некаде пред да почнам да ја читам книгава и не можам, а да не се согласам со секој збор. Ретко пишувам рецензии, но книгава ме импресионира и си реков да ги споделам впечатоците со вас.
    За време на вечерна прослава, осумгодишната Дејзи Мејсон како да ја проголтала земјата. На забавата имаше многу гости – другарчиња од училиште и нивните родители, соседи, а сепак никој ништо не видел, никој ништо не знае. Дури ни нејзините родители не можат да се сетат кога последен пат ја виделе ќерка си таа вечер. Инспекторот Адам Фоли и неговата екипа треба да ги спојат парчињата од сложувалката за да ја спасат Дејзи пред да биде предоцна.
    Во случаи како овој, сомнежот секогаш најпрво паѓа врз НЕКОЈ БЛИЗОК. По разговорот со родителите, инспекторот Фоли е убеден дека секој од нив по нешто крие. Мајката на Дејзи е незаинтересирана жена, која се чини дека повеќе се грижи за својот изглед отколку за фактот што нејзината ќерка исчезнала, а татко ѝ е сосема непријателски настроен, прилично ладен тип на човек. Очите на инспекторот внимателно и постојано го набљудуваат Лео, десетгодишниот брат на Дејзи, кој очигледно се плаши од нешто или од некого и не сака да ги сподели информациите што ги знае.
    Во текот на истрагата, преку ретроспективи, постепено добиваме нови информации за ова сложено семејство и за причините што довеле до исчезнувањето на Дејзи. Многу ми се допадна тоа што вистината се открива буквално во последните неколку страници.
    Станува збор за навистина ОДЛИЧЕН трилер. Приказната е крајно привлечна, а ликовите (иако не секогаш допадливи) се сосема веродостојни. Самиот стил на авторката те „вози“, не ти дава да престанеш да читаш. Немаше ниту еден досаден дел. Инспекторот Фоли и неговата екипа работеа неуморно во потрагата по Дејзи. А најинтересно е тоа што темпото на дејството воопшто не престанува.
    Мислам дека ова е еден од ретките трилери во кои толкупати се „предомислував“ во тоа кој може да биде сторителот. Топла препорака за сите љубители на крими-трилери.