• img-book

    Али Мартинез

MKD
Попуст!

ISBN: 978-608-260-050-5

Напишано со тебе (Regret duet #2)

од: Али Мартинез
5 од 5 од 2 оцени на читатели
2 оцени од читатели

Кога имав петнаесет години, еден куршум ми го смени животот. Ја поминав следната декада обидувајќи се да побегнам од ужасот од моето минато, градејќи империја за да се заштитам од сè што би можел да ми приреди животот.

Но немаше пари што можеа да ми помогнат кога најдов расплакано новороденче оставено на мојот праг.

Никогаш не сакав да бидам татко. Не сакав никому, а најмалку на невино дете, да му ја пренесам гнасотијата што течеше низ моите вени – тоа ми личеше на трагедија. Но ете, таа сега беше таму, на мојот праг – со розови обравчиња, црвена коса и дефинитивно моја.

Некако, тоа мало девојченце стана најдоброто нешто што некогаш ми се случило. Беше невозможно да останам изгубен во минатото кога јас бев единствениот на светот кој можеше да ѝ донесе безбедност и заштита во иднината. И затоа, кога мајка ѝ конечно реши да се врати по неа четири години подоцна, јас бев подготвен за борба.

Само камо среќа да можев да не се заљубам во неа за време на војната…button-new

420 ден 290 ден

Запознајте се со авторот
avatar-author
Али Мартинез е млада авторка која главно пишува дуети, односно книги составени од два дела, и пронаоѓајќи го рецептот за успех, сите нејзини книги се бестселери на Амазон. Нејзините приказни се ретко оригинални и уникатни, па некои ја нарекуваат Колин Хувер за возрасни.
Книги од Али Мартинез
Додадена
За книгата
Детали

ISBN: 978-608-260-050-5
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2020
Број на страници: 290

  1. :

    5 out of 5

    Дует Напишано со каење/Напишано со тебе

    Уште еден неверојатен дует на Али Мартинез. Таа знае како да плени со своето волшебно пишување. Никој не опишува болка во срцето како неа. Бев вовлечена од првата реченица и не престанав се додека не завршив со приказната. Тоа е моќта на пишувањето на Али Мартинез. Ве фаќа веднаш и никогаш не сакате да ве пушти. Додека читате можете да ја почувствувате болката во срцето, бидејќи книгата е моќна. Авторката така ги “везе” приказните во нејзините книги тоа е чудо. Толку и се реални, длабоки, емотивни што се внесувате во нив и на крајот не сакате да “излезете”. Мартинез така ги спојува почетокот и крајот како кога ќе влезете во тунел без надеж дека ќе го видите светлото на крајот. Но, како што има почеток има и крај, па така ќе успеете да го видите светлото на крајот од тунелот.

    Хедли сака нејзиниот живот да биде како бајка со среќен крај, но нејзината започнува трагично и нема среќен крај. На еден трагичен настан кога има 8год. Кејвен Хант ќе ја спаси, иако таа се вљубува во него тука завршува бајката. После многу години, една непромислена и мрачна ноќ им подарува ќерка. Поради темнината го која се наоѓа Хедли ја остава својата ќерка на Кејвен. И така се надева дека барем ќерка ѝ ќе има среќен крај.
    Кејвен обидувајќи се да побегне од своето минато, се заштитува од се во животот. Но, на својот праг наоѓа новороденче. Иако никогаш не сакал деца од една специфична причина во еден момент животот се превртува и тој станува самохран татко на прекрасно девојче. Благодарение на него тој не останува изгубен во минатото и животот почнува да му се врти околу неа.
    Но, после многу темнина Хедли повторно сака да се поврзе со ќерката од која мораше да се откаже. По 4год. таа одлучува да се врати и тука почнува борбата. Иако и Хедли и Кејвен имаат минато полно со трагедии и тајни кои не можете да ги претпоставите, последната тајна на Хедли ќе го потресе светот на Кејвен. Ќе доживее голем шок, големо изненадување. Тој открива нешто за жена по име Вилоу и животот се променува засекогаш. Но, животот е непредвидлив и љубовта ги вмешува своите прсти.

    Романтична и емотивна приказна за двајца луѓе кои судбината ги спојува на еден необичен и вознемирувачки начин. Толку длабоко, поразително, со многу емоции, пишувано со страст и моќ. А романите на Мартинез се тешки и жилави, полни со загуба, жалење и прошка, така што ќе ја почувствувате секоја емоција што ликовите ја чувствуваат како да се ваши.Приказната почна силно, со мистерии и пресврти, а заврши едноставно добро како драма и романтика. Верувајте зборовите сами си течат и ве влечат како река што нема да посакате да го видите крајот. Ќе сакате да го одложувате. Али Мартинез дефинитивно знае да не вози по нејзините приказни како да сме на рели трка. Четиво кое мора да се прочита.
    Апел до” Сакам Книги ” да преведат и други книги од оваа префинета авторка.

  2. :

    5 out of 5

    Вреди да се прочитаат овие две книги,приказната е навистина убава и поучна. 🙂