View Cart “Најсветлото зајдисонце” has been added to your cart.
  • img-book

    Али Мартинез


ISBN: 978-608-260-028-4

Најсветлото зајдисонце

од: Али Мартинез
5 од 5 од 3 оцени на читатели
3 оцени од читатели

Портер Рис е вдовец и татко на две дечиња кој не може да го заборави хоророт кога за влакно ќе ги изгубел двете. Тој се труди да им обезбеди среќен и стабилен живот на своите деца, да им биде родител каков што заслужуваат, но истовремено се бори со сопствената беспомошност и бес додека го гледа неговото болно синче како му пропаѓа пред очи.

Зборови никогаш нема да ме повредат.
Лаги… Зборови ме уништија.
„Многу ми е жал. Таа не преживеа“.
„Тато, тој не може да дише!“
„Не можеме да направиме ништо за Вашиот син“.

Тие слогови и букви станаа мојот џелат. Си велев дека ако не им придадам значење на болката и стравот, нема да имаат никаква моќ над мене. Но, како што поминуваа годините, така омразата и лутината што останаа почнаа да ме контролираат.

На крајот, она што ми даде надеж за ново изгрејсонце беа пет нежни свиленкасти зборови. „Здраво. Јас сум Шарлот Милс“.

Во некој совршен свет, Шарлот Милс и Портер Рис би се запознале и заљубиле во сосема поинакви околности. Но во реалниот свет, ги спојува токму она што засекогаш би можело да ги уништи.

button-new

390 ден

Количина:
Запознајте се со авторот
avatar-author
Али Мартинез е млада авторка која главно пишува дуети, односно книги составени од два дела, и пронаоѓајќи го рецептот за успех, сите нејзини книги се бестселери на Амазон. Нејзините приказни се ретко оригинални и уникатни, па некои ја нарекуваат Колин Хувер за возрасни.
Книги од Али Мартинез
За книгата
Детали

ISBN: 978-608-260-028-4
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2019
Број на страници: 270

  1. :

    5 out of 5

    Прекрасна, се чита во еден здив! 😀

  2. :

    5 out of 5

    #НајдобраРецензија
    #ТеПредизвикувамеДаЧиташ
    #СакамКнигиПредизвик2

    Дует”Најмрачното изгрејсонце” и “Најсветлото зајдисонце”

    “Секогаш е најтесно пред зори,само треба да почекаме уште малку.Сонцето секогаш изгрева”.

    Неверојатно!Романтично,шокантно,длабоко, емотивно и толку реално.Едноставно го “проголтав” овој неверојатен дует.Постојат моменти во вашиот живот што би дале се за да се избришат.Ужасни настани низ кои живеете и немате идеја како да продолжите натаму.Али Мартинез ги споила буквите и слоговите и создала такви зборови и реченици од кои излегла оваа неверојатна приказна.Приказна која што ти го одзема здивот,ти го уништува срцето за на крајот да те излекува.Мартинез ткае сложена мрежа од вистини,лаги,тага,вина,желба,надеж и родителска љубов и создава пресврт што ве држи до самиот крај.Во овој дует има и темнина и тага,но има и светлина и надеж.Ќе ви се скрши срцето, авторката ќе ве одведе во приказна што долго време ќе биде во вашата глава.

    Шарлот Милс е докторка посветена на своите пациенти и секој момент го поминува во болница за да биде зафатена и да избега од нејзината реалност.Таа последните десет години ги посветува на својата кариера,оставајќи малку време за приватен живот,па дури и за љубов.Затоа што нејзиниот ум се бори со темнината што ја “јаде” откако нејзиното шестмесечно бебе исчезнува додека е под нејзина грижа, оставајќи и го секој здив со вина и жалење.
    Портер Рис е вдовец и самохран татко на две деца кои се светлото на неговиот живот И тој како Шарлот има сопствена болка во срцето,но ја занемарува грижејќи се за децата.Тој никогаш нема да заборави колку бил блиску да ги изгуби сите што ги сака.Напорно работи да им обезбеди среќен и стабилен живот на своите деца и да биде родител каков што заслужуваат,цело време давејќи се во беспомошност додека гледа како здравјето на неговиот син секој ден е се полошо.
    Судбината ги спојува Портер и Шарлот и се чини дека се создадени еден за друг,сродни души.Нивната врска се развива во нешто единствено и уникатно.Од моментот кога ќе се погледнат настанува хемија меѓу нив,а темнината која ги опфаќа станува место каде што ќе се лекуваат еден со друг.Тие се еден за друг светло во темнината.Но,она што им ги спојува животите е токму тоа што ќе ги уништи.Се’ се менува кога нивните животи одеднаш се судираат,но и при овој пад на недоверба и сомнеж не можат да ги избришат нивните чувства еден за друг.На крајот мора да одлучат дали тие чувства би преживеале во битка во која и двајцата се подготвени да се борат до последен здив.

    Ова е вознемирувачка,длабоко потресна приказна за двајца луѓе кои наоѓаат среќа откако долго живееле во сенка на тагата,ви ја препорачувам со задоволство.Срцепарателно,поразително,совршен вртлог на емоции,а зборовите ви го одземаат здивот.Овој дует е еден од најпривлечните и највозбудливите читања.

    “Коските можат да се скршат со стапови,но зборовите можат да го уништат целиот живот”.

  3. :

    5 out of 5

    Двата дела се преубави! Се надевам ќе се преведе уште нешто од оваа авторка!😍