-
Саманта Јанг
На улица Даблин
од: Саманта ЈангСè што сака таа е сегашноста… но утрешниот ден чека.
Џоселин Батлер се крие и бега од своето минато со години. Но сега на сите нејзини тајни им се заканува разоткривање…
Пред четири години, Џоселин го има оставено своето трагично минато во Америка со започнување на нов живот во Шкотска, закопувајќи ја својата болка, игнорирајќи ги сопствените демони и терајќи напред без емоционални заглавувања. Нејзиниот самотнички живот функционира прилично добро – сè додека не се пресели во нов стан на улицата Даблин каде што запознава девојка која очигледно сака да ѝ стане пријателка и маж кој сака да ѝ стане нешто повеќе. Но она што тие не го знаат е дека Џоселин не сака да се врзува за пријатели и особено не сака маж кој би можел да ѝ го пробие штитот и да ги сруши до темел сите тврдини кои таа ги има изградено околу себе.
390 ден
Моментално недостапна
Сè што сака таа е сегашноста… но утрешниот ден чека.
Џоселин Батлер се крие и бега од своето минато со години. Но сега на сите нејзини тајни им се заканува разоткривање…
Пред четири години, Џоселин го има оставено своето трагично минато во Америка со започнување на нов живот во Шкотска, закопувајќи ја својата болка, игнорирајќи ги сопствените демони и терајќи напред без емоционални заглавувања. Нејзиниот самотнички живот функционира прилично добро – сè додека не се пресели во нов стан на улицата Даблин каде што запознава девојка која очигледно сака да ѝ стане пријателка и маж кој сака да ѝ стане нешто повеќе. Но она што тие не го знаат е дека Џоселин не сака да се врзува за пријатели и особено не сака маж кој би можел да ѝ го пробие штитот и да ги сруши до темел сите тврдини кои таа ги има изградено околу себе.
Брејден Кармајкл е навикнат да го добива тоа што го сака, а она што го сака сега е Џоселин во кревет. Баш безобразната, ладна и мистериозна девојка е онаа која го копка неговиот интерес, иако може да ја има речиси секоја жена што ќе ја посака. Но тврдоглавиот Шкот нема да се задоволи дури ни кога ќе ја постигне првобитната цел затоа што со секој изминат ден, тој сака сè повеќе од неа. И нема да се откаже сè додека не ја запознае… до сржта на нејзината душа.
Книгава ќе ве остави без сон, а Брејден ќе ве остави без здив – Maryse Book Reviews
ISBN: 978-608-4741-04-6
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2014
Број на страници: 365
Изабела – :
Делумно тажна и премногу слатка приказна која ќе ве освои уште на самиот почеток. Приказна за храброста и пожртвуваноста на една девојка, со лошо и трагично минато. Брејден има големо его, но и големо срце. Колку далеку би отишол за да ја освои Џоселин останува да откриете самите вие. Ова е првата книга од серијалот “На улица Даблин” и топло ви ја препорачувам.
“Понекогаш облаците не беа светли и бели.”
Слаѓан – :
Добар спој на романса, еротика и драма. Се чита лесно и брзо – ја препорачувам 😀
Стефани – :
Убава книгичка,лесна за читање,само не е мој жарн па поради тоа не продолжив да ги читам другите книги од серијалот.🙂
Мила – :
Најдобра од серијалот!