• img-book

    Џон Бојн


ISBN: 978-608-4672-01-2

Момчето во пижами на риги

од: Џон Бојн
5 од 5 од 5 оцени на читатели
5 оцени од читатели

Раскажана од перспектива на Бруно, оваа книга на моменти е смешна, на моменти детски наивна, на моменти искрена како што знае да биде само дете и постојано полна со надеж и пријателство. Патувајќи со Бруно, вие ќе мора да го напуштите неговиот удобен дом во Берлин и да се преселите во новата куќа, каде што неговиот татко, еден од командирите на Хитлер, има многу важна задача. Бруно ќе биде тажен, осамен и ќе нема со кого да си игра, па ќе Ве поведе на пат кон оградата зад која има „фарма“ полна со луѓе и деца во пижами на риги. Она што тој не го знае е дека „фармата“ воопшто не е фарма, туку логор и дека чадот од големите оџаци не е запалено ѓубре, туку…

„Мало чудо од книга“, оцени Гардиан, бидејќи оваа книга е навистина тоа. Поглед во ужасното минато низ детски очи, невина пријателска детска рака подадена преку оградата која го поделила светот… Книга која ќе ја помните долго откако ќе ја прочитате, како што оцени Irish Times.

button-new

320 ден

Количина:
Клучни зборови: , , ,
Запознајте се со авторот
avatar-author
- John Boyne - 1971
Џон Бојн е ирски писател. Тој е автор на девет книги за возрасни и пет книги за помлади читатели. Неговите книги се објавени на 48 јазици. Бојн е роден во Даблин, каде што се’ уште живее.
Книги од Џон Бојн
Додадена
Рецензија на уредник

Ако почнете да ја читате оваа книга, ќе тргнете на патување со деветгодишното момче по име Бруно. (Иако ова не е книга за деца.)

Раскажана од перспектива на Бруно, оваа книга на моменти е смешна, на моменти детски наивна, на моменти искрена како што знае да биде само дете и постојано полна со надеж и пријателство.

Патувајќи со Бруно, вие ќе мора да го напуштите неговиот удобен дом во Берлин и да се преселите во новата куќа, каде што неговиот татко, еден од командирите на Хитлер, има многу важна задача.

Бруно ќе биде тажен, осамен и ќе нема со кого да си игра, па ќе Ве поведе на пат кон оградата зад која има „фарма“ полна со луѓе и деца во пижами на риги. Она што тој не го знае е дека „фармата“ воопшто не е фарма, туку логор и дека чадот од големите оџаци не е запалено ѓубре, туку…

Десетици недели на листата на Њујорк Тајмс бестселери, филмуван роман од страна на Мирамакс Филмс, награда за најдобра книга на сите времиња во Ирска, продадени над 5.000.000 примероци низ светот, издадена во 44 земји, Македонија е 45 земја која ги купува правата за оваа книга…

„Мало чудо од книга“, оцени Гардиан, бидејќи оваа книга е навистина тоа. Поглед во ужасното минато низ детски очи, невина пријателска детска рака подадена преку оградата која го поделила светот… Книга која ќе ја помните долго откако ќе ја прочитате, како што оцени Irish Times.

Детали

ISBN: 978-608-4672-01-2
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2012
Број на страници: 224

  1. :

    5 out of 5

    Одлична книга,им ја препорачувам на сите! ☺

  2. :

    5 out of 5

    odlicna

  3. :

    5 out of 5

    Значи книгава ме погоди во душа,многу емотивна и убава приказна!❤

  4. :

    5 out of 5

    Одлична брзо читлива приказна, препорачувам 🙂

  5. :

    5 out of 5

    Раскажана од детска перспектива, а сепак толку длабоко ме допре. Не е ни чудо што ја воведоа како лектира за осмо одделение. И филмот е прекрасно изработен!