-
Себастијан Фицек
Месечарот
од: Себастијан ФицекКако дете и во тинејџерските години, Леон имал проблеми со несоница. Месечарејќи, знаел дури и да стане насилен за време на ноќните екскурзии и посетувал психијатар за оваа состојба. По некое време, конечно бил убеден дека е излечен… но, еден ден, години подоцна, сопругата на Леон исчезнува од нивниот стан под мистериозни околности. Пред да замине, расплакана, со модро око и откорнат нокт, кажува нешто што ужасно го замислува Леон. Дали е можно неговата болест да е вратена?
Исплашен и испаничен, Леон решава дека мора некако да открие што прави додека спие, како се однесува во сон, па става држач за камера на челото. Камерата снима и во темница и се активира со сензори на движење. Кога седнува да ја прегледа снимката следното утро, доаѓа до откритие кое е полудо и од најлудата имагинација. Неговата ноќна верзија – месечарот – поминува низ врата која нему му е тотално непозната и се спушта некаде во темнината…
420 ден
-
4.91 out of 5Алекс од: Пјер Леметр
Во случаи со киднапирање, првите неколку часа се клучни. После тоа, малите шанси жртвата да се пронајде жива се претвораат во речиси непостоечки.
Но оваа девојка не е обична жртва.
И покрај тоа што прекрасната, силна и паметна Алекс Прево не е обична девојка, нејзиното време истекува. Таа е затворена, заробена во кафез кој виси на два метри од земја, изгладнета, претепана, оставена на милост и немилост на човекот кој сака да ја гледа како умира.
Детективот Верховен нема ништо важно за да ја води истрагата: нема осомничен, нема трага, а и неговата надеж полека исчезнува. Сè што знаат е дека крупен човек киднапирал девојка на улица во Париз и ја пикнал во бело комбе. Никој не знае кој е киднаперот, никој не знае која е девојката, никој не ја пријавува за исчезната со денови… Енигмата за судбината на Алекс ќе го прогонува Верховен сè до горкиот, ужасен крај.
А нема да помине долго време пред спасувањето на нејзиниот живот да стане негов најмал проблем.
Со освојувањето на престижната награда Dagger за интернационален трилер, судиите рекоа: „Брилијантен трилер, напната трка помеѓу неколку паралелни приказни кои вџашуваат и шокираат кога најпосле се пресретнуваат. Оригинал и напнат крај кој ги надминува очекувањата.“ -
3.75 out of 5Совршената мајка од: Ејми Молој
Веќе се докажа дека сите си ги сакаме овие книги во стилот на „Очајни домаќинки“… Стилот на Ејми Молој во книгава ме потсетуваше на Мориарти, а самото тоа што се работи за 4-5 жени уште повеќе го засили впечатокот. Ја читав книгава уште кога не беше официјално излезена и мило ми е поради тоа, бидејќи немаше простор туѓи мислења и оцени да влијаат на оформување на мојата. Сега гледам дека веќе има оцени од скоро 30.000 читатели на GR, но мојата оцена дефинитивно е повисока од групната.
Книгава годинава беше нарекувана „најисчекувана книга на летото“, а наскоро ќе биде и филм со Кери Вашингтон во главната улога. Станува збор за доста заразен психолошки трилер за група жени кои се зближуваат кога исчезнува новороденчето на едната од нив, бидејќи се членови на истата група на мајки кои се сретнуваат во градскиот парк секоја недела. Бидејќи целите животи сега им се вртат само околу бебињата, се договараат една вечер да излезат сами и да се олабават малку. Едната од нив, самохраната мајка Вини, не е расположена да го остави бебето со дадилка, но сите останати ја убедуваат дека сè ќе биде океј, па таа најпосле попушта. И вечерта додека тие се излезени, нејзиното бебе го снемува од дома. И сега знаете, следи паника и вперување прст – сите бараат виновник за едно или за друго, некој мора да ја понесе вината. Новинарите ѝ се сипуваат најпрво на мајката; како можела да го остави новороденчето со непозната, каде била таа вечерта, кој е татко на бебето и така натаму.
Ова не е една од оние книги со нови пресврти во секоја глава, па можеби затоа некои очекувале повеќе од неа – не, овде дејствието е повеќе водено од ликовите и ако се поврзеш со нив како што треба, тогаш приказната се чита за една вечер, просто не ти се остава. Ја имаме најпрво Нел, која цела книга ме засмеваше со саркастичната смисла за хумор, но која очигледно крие некоја голема тајна од сите. Потоа Колет, која очигледно има прекрасен маж и доста пари, но и храброст што може да ѝ донесе големи проблеми. И на крај, симпатичната Френси, паничарката која најмногу се вознемирува од киднапирањето, до степен што почнува да станува дури и сомнителна. Дали е Френси толку невина колку што се прави или…?
Оваа книга многу добро овозможува да се ѕирне како е во животот на секоја тазе мајка и одлично покажува дека не постои такво нешто како „совршена мајка“. Најмногу ќеф ми направи крајот – да бидам искрена, не го очекував; очекував нешто тотално друго, а тоа дефинитивно е достигнување, нешто од трилери да ме изненади мене. Плус, пак си заплакав малку за негативецот – тоа е таа тежина кога ќе успее да те погоди приказна. Па, се надевам дека ќе ја прочитате и дека ќе ја доживеете како и јас. Едвај чекам да го гледам филмот!
-
4.8 out of 5Фатални желби од: Бруклин Хадсон
Лошо минато: Жулиен Грение пораснал во Франција, со многу насилен татко алкохоличар. Уште како мало дете, тој живеел во хорор кошмар и траумите се толку силни што му предизвикуваат кошмари дури и денес, иако тој повеќе не е во Франција, туку живее во Менхетен со својата сопруга Ракел.
Трагична сегашност: Жулиен и Ракел се одличен, моќен бизнис пар. Жулиен е маркетинг директор на авенијата Медисон и тие имаат прекрасен живот, но тој се претвора во нов кошмар после трагедијата ноќта на нивната деветта годишнина.
Опасна иднина: Жулиен, ладен и резервиран поради сѐ што доживеал, но сепак лојален човек со златно срце, одлучува да почнат одново, да се преселат во мало мирно гратче и да му се вратат на нормалниот живот далеку од сите опасности. Она што не го знае е дека во новата прекрасна планинска куќа ги чека нова опасност, кошмар пострашен од сите други.
Фатална игра: На прв поглед, куќата во Кингс Холоу изгледа како остварување на сонот. Но таа има една уникатна карактеристика. Сите нејзини станари се вклучуваат во една фатална игра додека живеат таму. Игра која може да ти ги исполни сите желби… Игра која дефинитивно ќе нѐ научи да внимаваме што посакуваме… Нивните желби се исполнуваат. Нивните стравови се враќаат. Нивните кошмари стануваат реалност. Но… некои желби е најдобро никогаш воопшто да не се посакаат…
За љубителите на Стивен Кинг: хорор мистерија со доза на натприродни трилер елементи. Оваа книга ќе ве извози на шокантна луда железница.
-
4.5 out of 5Мрачни места од: Џилијан Флин
Во мало мирно гратче каде сите луѓе се познаваат и фино си живеат, се случува грозоморен масакр. Убиена е мајка заедно со своите две мали ќерки. Најмалата ќерка, Либи Деј, успева да побегне низ прозорецот, а братот, Бен Деј, е обвинет за убиството на своето семејство и осуден на доживотен затвор. Либи Деј тогаш имала само седум години и била клучен сведок за затворањето на нејзиниот брат.
Сега, после дваесет и пет години, Либи живурка и си ги исполнува деновите со постојано размислување за самоубиство. Таа сè уште го нема надминато масакрот, а и кој би можел? Но, баш кога мисли дека не може да биде полошо, се појавува група на луѓе кои се убедени дека таа го сместила погрешниот човек во затвор со нејзиното збунето, детско сведочење. Таа сепак не го видела убиецот, само го слушнала неговиот глас. Дали е можно Бен да е невин? Дали постои некоја семејна тајна што Либи би можела да ја открие или таа само се залажува затоа што сака братот да ѝ се врати?
Либи почнува да истражува и сфаќа дека сите во семејството имале по некоја тајна тој ден… а особено Бен. Кој го извршил масакрот?
Александар Николовски – :
Уште една солидна книга од Фицек.
igor – :
top !
Слаѓан – :
Иако на крајот очекував малку повеќе, сепак одличен психолошки трилер
– држи во неизвесност и тензија до последната страница.