• img-book

    Кристин Хана

Магичен час

од: Кристин Хана
5 од 5 од 1 оцени на читатели
1 оцена од читател

Еден ден, од длабочините на Националната шума Олимпик излегува шестгодишно девојче и се качува на дрво во гратчето Дождлива Долина. Не зборува, валкана е и прегладнета. Во рацете држи волче, а на зглобовите има траги од врзување. Локалната полиција ја наоѓа и прави сè за да го дознае нејзиниот идентитет, а во меѓувреме смета дека со неа најдобро би било да работи детски психолог.

По скандалот што ѝ ја уништува кариерата, детскиот психолог Џулија Кејтс се враќа во родниот град. Таа решава да го ослободи од незамисливиот страв и осаменоста дивото девојче, кое го нарекува Алиса. Но за да допре до неа, најпрвин мора да го открие нејзиното минато. Принудена е да побара помош од својата отуѓена сестра, полицајка. Никој не знае дали девојчето било оставено во шумата, дали се изгубило или можеби било киднапирано.

Неверојатните факти од животот на Алиса ги тестираат границите на вербата и издржливоста на Џулија додека таа дава сè од себе да создаде дом за Алиса и за себе. Во Магичен час Кристин Хана му вдахнува живот на еден од најсаканите книжевни ликови и раскажува незаборавна приказна за моќта на љубовта, победата на надежта и значењето на домот и семејството.

 

550 ден

9 на залиха

Количина:
Запознајте се со авторот
avatar-author
- Kristin Hannah - 1960
Кристин Хана е една од најпродаваните американски писатели која има освоено бројни награди, вкулучувајќи ја наградата Golden Heart, the Maggie и 1996 National Reader's Choice award. Taa живее на Бејнбриџ Ајланд, Вашингтон, со сопругот и нивниот син.
Книги од Кристин Хана
Додадена
За книгата
Детали

Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање:
Број на страници:

  1. :

    5 out of 5

    #рецензија

    ,,Магичен час”

    ,,Кога дрвјата беа облечени со златни лисја кои танцуваа на свежото ветре што носеше мирис на дожд, а блескавото сонце опсипуваше се’ со златен сјај. Магичен час.”

    Кристин Хана магично извезе уште една емотивна драма. ,,Магичниот час” е впечатлив роман кој удира во сржта на душата на читателот. Оваа приказна ни нуди моменти на кршење на срцето, чувства и мистерија. Со живописни и детални описи на северозападот на САД, Хана доста реално ни го доловува местото на случувањето.Чувството на очај што се чувствува кога детето страда, допира длабоко во психата на секоја мајка. Овој ,,Магичен час” е приказна за поврзаност, љубов, надеж, семејство, мистерија, откритија и припадност. Приказната е привлечна, мачна и крајно маѓепсувачка.

    Приказната е за дете, мало девојче кое излегува од шумата, доаѓа во градот Дождлива Долина барајќи храна и ги менува животите на оние што ја наоѓаат. Тоа е ‘диво’, не зборува и има волче со себе. Началничката на полицијата ја повикува нејзината сестра психијатар која доаѓа од Лос Анџелес во Вашингтон за да ја ‘скроти’ дивата девојка. Се врзува за малото девојче и напредува нивната комункација и ’скротувањето’. И како што почнува мистериозната драма да се расплеткува почнуваат и вообичаните прашања за животот на малото девојче. Од каде е дојдено ова ‘диво’ девојче? Каде се нејзините родители? Зошто не зборува? Какви трауми доживеало? Зошто има модрици и лузни на телото? Сето тоа се прашања што ги дознаваме низ текот на книгата, а дополнително и самото злосторство и како таа живеела во шума сите тие години.

    ,,Животот е премногу кревок. Ако сме доволно среќни да имаме грижливо семејство, треба да го чуваме како очите.”

    Приказната за кревката млада девојка која мистериозно излегува од шумата без семејство е интригантна драма. Со помош на детски психијатар, тајните и срцепарателните откритија во врска со минатото на ова мало девојче, излегуваат на виделина. Додека сите се борат да го откријат идентитетот на девојчето и нејзиното трагично минато, овој случај станува збунувачки и многу комплициран. Ова е приказна која е толку тажна, а сепак полна со надеж. Навистина уживав во оваа книга! Топла препорака од мене.