• img-book

    Наде Стојилковиќ


ISBN: 978-608-260-115-1

Куклата на Ана

од: Наде Стојилковиќ
5 од 5 од 3 оцени на читатели
3 оцени од читатели

Секој човек има некоја лузна на себе. Понекогаш помала, понекогаш поголема, но секогаш тоа е лузна што останала во душата. Голема дури како цела бразда. Лузна која животот му ја нанел некому, а судбината му ја наменила. Морал да ја изживее и да се издигне над неа, за да продолжи понатаму. А тие луѓе сите ние ги гледаме и среќаваме секојдневно, но не ги забележуваме. Погледнуваме во нивните очи, а не ја гледаме нивната болка, не забележуваме што е тоа што ја избраздило нивната душа. Немаме ниту време, ниту желба да се запрашаме што се крие зад нивните очи, често полни со тага, со кои нѐ погледнуваат. Едноставно ги одминуваме, не забележувајќи колку нашиот поглед, еден миг што ќе го одвоиме за нив, им е потребен.

Токму таквите луѓе со лузни на душата се инспирација за оваа книга, во која се сместени 15 вистински приказни. Тие се настанати во текот на долгогодишната работа на Наде Стојилковиќ како новинар, која како слушател и евидентичар ги бележела нивните судбини, среќавајќи се со тие луѓе и со нивните судбини во своето работно и животно искуство.

250 ден

Количина:
Запознајте се со авторот
avatar-author
Наде Стојилковиќ е долгогодишна новинарка и главна и одговорна уредничка на повеќе списанија и магазини. Новинарската кариера ја започнала со двегодишно работење во дневникот „Вечер“, а потоа 17 години работела како новинар и новинар-постар соработник. Таа а автор на бестселерот „Ќерката на дрвосечачот“.
Книги од Наде Стојилковиќ
За книгата

  1. :

    5 out of 5

    Прекрасни, емотивни раскази

  2. :

    5 out of 5

    “Секој човек има по некоја лузна на себе. Понекогаш помала, понекогаш поголема, но секогаш тоа е лузна што останала во душата. Голема дури како цела бразда. Лузна која животот ја нанел некому, а судбината му ја наменила. Морал да ја изживее и да се издигне над неа, за да продолжи понатаму.”

    Ова е книга, во која се сместени 15 вистински приказни. Тие се настанати со долгогодишнaта работа на Наде Стојилковиќ како новинар, која како слушател и евидентичар ги бележела нивните судбини, среќавајќи се со тие луѓе и со нивните судбини во своето работно и животно искуство.

    “А тие луѓе сите ние ги гледаме и среќаваме секојдневно, но не ги забележуваме. Погледнуваме во нивните очи, а не ја гледаме нивната болка, не забележуваме што ја избраздило нивната душа. Немаме ниту време, ниту желба да се запрашаме што се крие зад нивните очи, често полни со тага, со кои не погледнуваат. Едноставно ги одминуваме, не забележувајќи колку нашиот поглед, еден миг што ќе го одвоиме за нив, им е потребен.”

    Книгата содржи 15 приказни, кои кријат длабока порака. Во “Куклата на Ана”, ќе ја слушнете приказната за доброто срце на малата Ана. Во “Фросина”, ќе ја слушнете приказната за љубовта и копнежот кон својата мајка. Во “Денот на мимозите”, ќе ја слушнете приказната за судбината на Раде.
    Ова се само дел од приказните кои чекаат да бидат прочитани од Вас.

    “Ако пријателството е мост помеѓу луѓето, подај ги твоите раце од таму, а јас ќе ги испружам моите одовде, да изградиме мостна пријателство.”

    Секоја приказна си има своја порака. Некои од приказните ќе успеат да допрат длабоко до вас. Некои ќе ве растажат, други пак, ќе ве развеселат.
    Многу моќни и навидум слатки приказни на кои нема да останете рамнодушни. Има ликови кои долго ќе ги паметите но, и ликови кои ќе сакате веднаш да ги заборавите.

    Ова е трета книга на Наде Стојилковиќ. Првата книга е “Ќерката на дрвосечачот, а втората пак, “Тајната на Алексови”. За разлика од преходните две книги, “Куклата на Ана” и е прва книга со раскази.

  3. :

    5 out of 5

    #рецензии

    “Куклата на Ана”

    Ова е моја прва рецензија за една од книгите на нашата Наде.Драга Наде ти благодарам за твојот пишан збор,за твоите три книги.Ти посакувам уште многу нови изданија и се разбира уште поголем успех.Уште со првата книга “Ќерката на дрвосечачот” ми го освои срцето и ме доби за твој верен читател и љубител на твоите книги.Иако во сите три, приказните се тешки и тажни за читање,не се оставаат од рака.Тие вистински приказни кои ни ги доловуваш, највеќе допираат во душа.Најновата “Куклата на Ана” исто како и другите две е со тешка тематика и потполно ме освои.

    Сите вие што сте ги читале нејзините книги и го знаете стилот на пишување.Препознатлив,со тажни,емотивни приказни.Приказни кои ќе ве трогнат,ќе ве допрат во душа,ќе ви го растргнат срцето.Не можете да останете рамнодушни и да ги читате така лесно.Секоја нишка,секоја вена,секој мускул во вас ќе трепери и ќе се соживеете со ликовите во приказните.

    Книгата содржи 15 вистински приказни и секоја посебно ќе ве растажи,ќе ви скине дел од вашата душа.Уште со првата приказна”Куклата на Ана” ќе ве расплаче.Директно ме допре во срце,исто како некој да ми забоде нож,да ми направи рана.А со секоја следна приказна како да се нижеа убодите во срцето.Полесно нема да поминете читајќи ги и “Лудата”,”Лаги и надежи”,”Простување” и сите останати приказни.Но,последната “Нераскинливо пријателство” ми го зададе последниот бодеж,последната и најдлабока рана.Кога ја завршив книгата имав чувство како да ми крвари срцето,да ми се цепи душата.Ми требаше време да се соземам и да се вратам во реалноста,да се доставам во едно парче,во една целина.Пред да почнете да ја читате добро подгответе се,бидејќи книгава што би се рекло народски”мава во глава”.Ликовите толку се реални,прекрасно доловени што со сите ќе се соживеете и ќе сочувствувате.Нарацијата на Наде како и секогаш е предобра.

    Со вакви животни приказни кои судбината ни ги доделува настануваат лузни.Лузни кои си ги носиме дел живот со нас и се навикнуваме да живееме со нив.Како што добиваме лузна,така оставаме еден дел од душата во тој момент.Овие приказни не се обични лузни кои може да заздрават,туку остануваат и ни ја обележуваат душата.Колку и да се трудиме нема да успееме да ти залечиме раните добиени од нив.Најдобро е кога ќе ги прифатиме и ќе продолжиме да живееме со нив.

    Старите велат “Времето ја лечи раната”,но не е така.Верувајте се лажете.Ништо не може да ја излечи раната и да ја скрие лузната.Едноставно навиката за понатамошен живот за презема улогата,а лузната ќе стои како потсетник,како темел кој не може да се сруши.И покрај се што поминуваме низ животот и си ги носиме лузните вечно со нас, најбитно е да останеме ЛУЃЕ.Како што напишала Надето на крајот од книгата”Мостот на пријателството изграден од нашите испружени раце е цврст и по него може да помине секој кој може да се нарече ЧОВЕК”.Јас ги прочитав нејзините напишани редови и мислам дека можам да поминам по тој МОСТ.За вас не знам,прочитајте ја книгата и ќе дознаете.

    Ова се дел од моите чувства,емоции, впечатоци,а вие соберете сила за да ја издржите и да ја прочитате книгата на Наде.Но,верувајте нема да биде така лесно.Драга Наде ти честитам,успеа да ги доловиш чувствата на секој лик од приказните.Благодарност од нас, читателите за секој пишан збор.Верувај,ова не се само уште неколку испечатени страници.На оваа книга не ние,туку ти наша Наде и ја даде душата и затоа е тоа што е.Честитки од срце Наде и се надевам поскоро да се видиме и да се запознаеме.#рецензии

    “Куклата на Ана”

    Ова е моја прва рецензија за една од книгите на нашата Наде.Драга Наде ти благодарам за твојот пишан збор,за твоите три книги.Ти посакувам уште многу нови изданија и се разбира уште поголем успех.Уште со првата книга “Ќерката на дрвосечачот” ми го освои срцето и ме доби за твој верен читател и љубител на твоите книги.Иако во сите три, приказните се тешки и тажни за читање,не се оставаат од рака.Тие вистински приказни кои ни ги доловуваш, највеќе допираат во душа.Најновата “Куклата на Ана” исто како и другите две е со тешка тематика и потполно ме освои.

    Сите вие што сте ги читале нејзините книги и го знаете стилот на пишување.Препознатлив,со тажни,емотивни приказни.Приказни кои ќе ве трогнат,ќе ве допрат во душа,ќе ви го растргнат срцето.Не можете да останете рамнодушни и да ги читате така лесно.Секоја нишка,секоја вена,секој мускул во вас ќе трепери и ќе се соживеете со ликовите во приказните.

    Книгата содржи 15 вистински приказни и секоја посебно ќе ве растажи,ќе ви скине дел од вашата душа.Уште со првата приказна”Куклата на Ана” ќе ве расплаче.Директно ме допре во срце,исто како некој да ми забоде нож,да ми направи рана.А со секоја следна приказна како да се нижеа убодите во срцето.Полесно нема да поминете читајќи ги и “Лудата”,”Лаги и надежи”,”Простување” и сите останати приказни.Но,последната “Нераскинливо пријателство” ми го зададе последниот бодеж,последната и најдлабока рана.Кога ја завршив книгата имав чувство како да ми крвари срцето,да ми се цепи душата.Ми требаше време да се соземам и да се вратам во реалноста,да се доставам во едно парче,во една целина.Пред да почнете да ја читате добро подгответе се,бидејќи книгава што би се рекло народски”мава во глава”.Ликовите толку се реални,прекрасно доловени што со сите ќе се соживеете и ќе сочувствувате.Нарацијата на Наде како и секогаш е предобра.

    Со вакви животни приказни кои судбината ни ги доделува настануваат лузни.Лузни кои си ги носиме дел живот со нас и се навикнуваме да живееме со нив.Како што добиваме лузна,така оставаме еден дел од душата во тој момент.Овие приказни не се обични лузни кои може да заздрават,туку остануваат и ни ја обележуваат душата.Колку и да се трудиме нема да успееме да ти залечиме раните добиени од нив.Најдобро е кога ќе ги прифатиме и ќе продолжиме да живееме со нив.

    Старите велат “Времето ја лечи раната”,но не е така.Верувајте се лажете.Ништо не може да ја излечи раната и да ја скрие лузната.Едноставно навиката за понатамошен живот за презема улогата,а лузната ќе стои како потсетник,како темел кој не може да се сруши.И покрај се што поминуваме низ животот и си ги носиме лузните вечно со нас, најбитно е да останеме ЛУЃЕ.Како што напишала Надето на крајот од книгата”Мостот на пријателството изграден од нашите испружени раце е цврст и по него може да помине секој кој може да се нарече ЧОВЕК”.Јас ги прочитав нејзините напишани редови и мислам дека можам да поминам по тој МОСТ.За вас не знам,прочитајте ја книгата и ќе дознаете.

    Ова се дел од моите чувства,емоции, впечатоци,а вие соберете сила за да ја издржите и да ја прочитате книгата на Наде.Но,верувајте нема да биде така лесно.Драга Наде ти честитам,успеа да ги доловиш чувствата на секој лик од приказните.Благодарност од нас, читателите за секој пишан збор.Верувај,ова не се само уште неколку испечатени страници.На оваа книга не ние,туку ти наша Наде и ја даде душата и затоа е тоа што е.Честитки од срце Наде и се надевам наскоро ќе се видиме и ќе се запознаеме.