- You cannot add "Крадачка на книги" to the cart because the product is out of stock.
-
Маркус Зусак
Крадачка на книги
од: Маркус ЗусакГодината е 1939. Нацистичка Германија. Државата не дише, го држи својот здив. Смртта никогаш не била позафатена, а од ден во ден ѝ се отвора сè повеќе работа.
Покрај гробот на нејзиното братче, животот на едно девојче се менува засекогаш кога наоѓа еден предмет во снегот на земјата. Тоа е прирачник за гробари, паднат случајно, но доволно интересен за неа за да ја наведе на првата кражба на книга. Така почнува една љубовна афера со книгите и зборовите додека малата крадачка на книги учи да чита со помош на нејзиниот татко. Таа набрзо почнува да краде книги од огновите на нацистите кои ги палат, од домашната библиотека на сопругата на градоначалникот, од секаде каде што успева да најде. Но ова се опасни времиња. И стануваат уште поопасни кога нејзиното семејство почнува да крие Евреин во подрумот.
Дали некогаш во животот ви се случило да прочитате книга и да сфатите дека никогаш повеќе нема да бидете исти? Дали некогаш сте прочитале книга која ве натерала да посакате да одите од човек на човек и да не престанете да ја препорачувате додека не бидете сигурни дека ја прочитал целиот свет? Ова е ТАА книга.
420 ден
Моментално недостапна
Се разбира, вовед. Почеток. Каде ми е културата?
Најпрво да ви се претставам, јас сум Смртта и воедно раскажувачот на оваа приказна.
Да бидам искрена, ова е само една мала приказна, помеѓу другите работи, за:
– Едно девојче сираче
– Еден хармоникаш со сребрени очи
– Неколку Германци фанатици
– Еврејски боксер скриен во подрум
– Многу запалени книги
– И многу кражби
Да, јас често се присетувам на неа и – во еден од моите многу џебови – ја имам сочувано нејзината приказна за да ја раскажам. Таа е една од многубројните приказни кои ги носам со себе, секоја од нив исклучителна на свој начин. Секоја од нив обид – страшно силен обид – за да ми докаже дека вие, и целото човечко постоење, вредите.
Еве ја. Една од многуте. Крадачката на книги.
ISBN: 978-608-4672-23-4
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2013
Број на страници: 475
saramastoridis – :
Со тешко срце ја читав, бидејќи многу ми е болна помислата за теророт кој бил извршуван кон Евреите. Книга која мора да се прочита.
Слаѓан Бишковски – :
Извондредна историска приказна, полна со емоции, добро изградени ликови и многу сликовита книга проткаена со брилијантност и лесен стил на пишување. Една од моите омилени книги – ремек дело како и самиот филм, ја препорачувам 🙂