View Cart “Големи мали лаги” has been added to your cart.
  • img-book

    Маркус Зусак


ISBN: 978-608-4672-23-4

Крадачка на книги

од: Маркус Зусак
5 од 5 од 2 оцени на читатели
2 оцени од читатели

Годината е 1939. Нацистичка Германија. Државата не дише, го држи својот здив. Смртта никогаш не била позафатена, а од ден во ден ѝ се отвора сè повеќе работа.

Покрај гробот на нејзиното братче, животот на едно девојче се менува засекогаш кога наоѓа еден предмет во снегот на земјата. Тоа е прирачник за гробари, паднат случајно, но доволно интересен за неа за да ја наведе на првата кражба на книга. Така почнува една љубовна афера со книгите и зборовите додека малата крадачка на книги учи да чита со помош на нејзиниот татко. Таа набрзо почнува да краде книги од огновите на нацистите кои ги палат, од домашната библиотека на сопругата на градоначалникот, од секаде каде што успева да најде. Но ова се опасни времиња. И стануваат уште поопасни кога нејзиното семејство почнува да крие Евреин во подрумот.

Дали некогаш во животот ви се случило да прочитате книга и да сфатите дека никогаш повеќе нема да бидете исти? Дали некогаш сте прочитале книга која ве натерала да посакате да одите од човек на човек и да не престанете да ја препорачувате додека не бидете сигурни дека ја прочитал целиот свет? Ова е ТАА книга.

420 ден

Моментално недостапна

Клучни зборови: , , ,
Запознајте се со авторот
avatar-author
- Markus Zusak - 1975
Маркус Френк Зусак е австралиски писател. Тој е најдобро познат по книгите „Крадачка на книги“ и „Гласникот“, два романа за млади кои станаа интернационални бестселери. Уште од рани години, Зусак се потврди како еден од најиновативните и поетски романсиери на денешницата. Тој живее во Сиднеј.
Книги од Маркус Зусак
Рецензија на уредник
ЕВЕ ЕДЕН МАЛ ФАКТ: 
Вие ќе умрете. 
Дали ова ве загрижува? 
Ве замолувам да не се плашите. 
Ако ништо друго, јас сум праведна. 

Се разбира, вовед. Почеток. Каде ми е културата?
Најпрво да ви се претставам, јас сум Смртта и воедно раскажувачот на оваа приказна.

Да бидам искрена, ова е само една мала приказна, помеѓу другите работи, за:
– Едно девојче сираче
– Еден хармоникаш со сребрени очи
– Неколку Германци фанатици
– Еврејски боксер скриен во подрум
– Многу запалени книги
– И многу кражби

 Ја видов крадачката на книги трипати. 

Да, јас често се присетувам на неа и – во еден од моите многу џебови – ја имам сочувано нејзината приказна за да ја раскажам. Таа е една од многубројните приказни кои ги носам со себе, секоја од нив исклучителна на свој начин. Секоја од нив обид – страшно силен обид – за да ми докаже дека вие, и целото човечко постоење, вредите.

Еве ја. Една од многуте. Крадачката на книги.

Ако сте расположени, тргнете со мене. Ќе ви раскажам приказна. Ќе ви покажам нешто. Ќе ви докажам дека дури и Смртта има срце.
Детали

ISBN: 978-608-4672-23-4
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2013
Број на страници: 475

  1. :

    5 out of 5

    Со тешко срце ја читав, бидејќи многу ми е болна помислата за теророт кој бил извршуван кон Евреите. Книга која мора да се прочита.

  2. :

    5 out of 5

    Извондредна историска приказна, полна со емоции, добро изградени ликови и многу сликовита книга проткаена со брилијантност и лесен стил на пишување. Една од моите омилени книги – ремек дело како и самиот филм, ја препорачувам 🙂