• img-book

    Колин Хувер

ISBN: 978-608-260-073-4

Коски на срцето

од: Колин Хувер
4.5 од 5 од 4 оцени на читатели
4 оцени од читатели

Животот и безвредното презиме се единствените две работи што родителите некогаш ѝ ги дале на Бeја Грим. Откако потполно сама си го пробива својот пат во животот, Беја е насочена кон поголеми и подобри нешта, сето тоа благодарение само на самата себе.

Кога само два кратки месеци ја делат од иднината за која сонува цел живот и од минатото кое очајно сака да го остави зад себе, неочекувана смрт ја става во ситуација да остане без кров над главата.

Принудена да побара помош од последниот човек на светот од кого би сакала да бара што било, таа мора да го помине остатокот од летото на полуостров во Тексас со татко си кој едвај го познава.

Беја планира да остане тивка и незабележлива, па летото да помине безболно и брзо, но нејзиниот нов сосед, Самсон, го разнишува нејзиниот совршен план.

На прв поглед, Самсон и Беја се потполно различни. Таа израснала во сиромаштија, запоставена од своето семејство; тој потекнува од богато семејство со изобилство од привилегии. Единственото нешто што им е заедничко е тоа што и двајцата ги привлекуваат тажни нешта, што значи дека двајцата меѓусебно се привлекуваат.

Кога хемијата меѓу нив станува премногу силна за да се игнорира, двајцата се согласуваат на една незначајна летна романса. Она што Беја не го предвидува е бранот од емоции што надоаѓа и ризикот истиот да ја одвлечка во најопасните длабочини.

440 ден

Количина:
Запознајте се со авторот
avatar-author
- Colleen Hoover - 1979
Колин Хувер е бр.1 најпродаван автор според Њујорк тајмс и воедно авторка на единаесет романи и пет новели. Хувер главно пишува книги кои спаѓаат во категорија книги за млади, а својата прва книга „Само пријатели“ ја објави во јануари 2012 година.
Книги од Колин Хувер
За книгата
Детали

ISBN: 978-608-260-073-4
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2020
Број на страници: 310

  1. :

    3 out of 5

    Многу просечна приказна, ништо посебно во споредба со нејзините други книги.

  2. :

    5 out of 5

    Прекрасна приказна со длабоки мисли, емоции и допадливи ликови. Уживав во секоја страница,
    Хувер е мајстор за романтични драми што допираат до самото срце на читателот 🙂

  3. :

    5 out of 5

    #ТеПредизвикувамеДаЧиташ
    #СакамКнигиПредизвик2

    Хувер уште еднаш ми докажа дека за романси е незаменлива.Го обожавам нејзиниот стил на пишување,бидејќи секогаш е лесен и читлив.Уживав во секој збор и ја впивав секоја страница.Прекрасна љубовна приказна како и сите претходни од неа.Ликовите ми беа одлични,толку вистински,толку комплексни.Го следиме нивното патување низ летото,скоро како да е наша приказна.А приказната е едноставно добро напишана,толку лесно вплетена што кога ќе ја почнете не ви се остава до крај.Хувер ни ги опишува растењето,созревањето,преживувањето во овој суров свет,донесувањето одлуки и одговорноста која доаѓа со нив.Добра релаксирачка книга која ќе ве одведе на патување на полуостров во Тексас.Дефинитивно задоволувачки.

    Хувер ни го открива реалниот живот преку очите на Беја.Млада девојка која поминува низ тежок живот без скоро никаква љубов и поддршка од нејзината мајка-зависник од дрога.Кога мајка и починува таа мора да го повика својот татко,бидејќи и треба место за престој.Татко и кого го гледа само преку лето и не го видела две години не знае ништо за неа и за нејзиниот живот.Беја добива стипендија за колеџ во Пенсилванија и мора два месеци да помине со татко и до нејзиното заминување.Бидејќи тоа е единственото решение останува на еден полуостров во Тексас со татко и.Кога ќе пристигне таму нејзиниот план го разнишува соседот Самсон кој и се вовлекува под кожа.Беја и Самсон се како две половини кои одлично се спојуваат.Настанува хемија помеѓу нив и се согласуваат на летна авантура.И двајцата оштетени од животот пробуваат да се исцелат еден со друг.Но, позади Самсон се кријат мистериозни прашања на кои одбива да одговори.И тогаш од еден неочекуван пресврт настанува хаос.Беја впловува во опасни и непознати води,а срцевата коска повторно и се крши.И така по патот до среќата Беја се спознава себеси,се сака себеси и им простува на другите.Како доволно храбра оди по тој пат и се обидува да биде среќна дури и кога не е.

    Срцето нема коски,тоа е научен факт,но кога животот е крајно уништувачки,тогаш се крши коската на срцето која најмногу боли.Ова е едно емотивно,проникливо,вознемирувачко четиво,со многу мисли и чувства кое и вас ќе ви го скрши срцето додека го читате.Ја сакам оваа приказна исполнета со многу тага,бидејќи Беја и Самсон ги одржуваше нивната надеж и радост и се држеа до верувањето дека срцата не можат да се скршат затоа што немаат коски.Дефинитивно уште една убава романса од Хувер.

  4. :

    5 out of 5

    #рецензии