View Cart “Живот за живот” has been added to your cart.
  • img-book

Попуст!

ISBN: 978-608-260-024-6

Ќерката на дрвосечачот

5 од 5 од 7 оцени на читатели
7 оцени од читатели

Ретки се тие книги што уште од самиот пролог ти продираат до срце, те зграпчуваат како челична канџа од емоции и просто не ти дозволуваат да ја оставиш книгата. Премногу се ретки, да, но овде имаме една токму таква книга.

„Ќерката на дрвосечачот“ започнува во едно македонско село, пред повеќе од 30 години. Дана е сираче, нејзиниот татко дрвосечач загинува во шумска незгода, а од преголема љубов кон него и тага за неговата смрт, по само еден месец умира и нејзината мајка. Па така од нејзиното прекрасно семејство полно со љубов, останува само малата Дана, со вечно скршено срце. Грижата за неа ја презема семејството на братот на татко ѝ, но чичко ѝ и стрина ѝ си имаат свои три деца, свои грижи за гледање, па повеќе ја третираат како слугинка дома и само гледаат да приграбат сè што можат од наследството што ѝ е останато. Дана е прекрасен лик; кротка, мила, послушна, покорна, вредна и пргава – таа не зуцнува дури ни кога тие практично ја продаваат на еден богат пар во Скопје, за да им биде домашна помошничка. Ги голта солзите во себе, а однадвор и понатаму останува силна и истрајна.

„Ќерката на дрвосечачот“ е книга која раскажува за мајчинската љубов, за женската издржливост, за човечката злоба, за горчливоста на судбините.

300 ден 250 ден

Количина:
Рецензија на уредник

Ретки се тие книги, особено нечии првенчиња, што уште од самиот пролог ти продираат до срце, те зграпчуваат како челична канџа од емоции и просто не ти дозволуваат да ја оставиш книгата. Премногу се ретки, да, но овде имаме една токму таква книга.

„Ќерката на дрвосечачот“ започнува во едно македонско село, пред повеќе од 30 години. Дана е сираче, нејзиниот татко дрвосечач загинува во шумска незгода, а од преголема љубов кон него и тага за неговата смрт, по само еден месец умира и нејзината мајка. Па така од нејзиното прекрасно семејство полно со љубов, останува само малата Дана, со вечно скршено срце. Грижата за неа ја презема семејството на братот на татко ѝ, но чичко ѝ и стрина ѝ си имаат свои три деца, свои грижи за гледање, па повеќе ја третираат како слугинка дома и само гледаат да приграбат сè што можат од наследството што ѝ е останато од татко ѝ.

Дана е прекрасен лик; кротка, мила, послушна, покорна, вредна и пргава – таа не зуцнува дури ни кога тие практично ја продаваат на еден богат пар во Скопје, за да им биде домашна помошничка. Ги голта солзите во себе, а однадвор и понатаму останува силна и истрајна.

Дана е пример за човечката издржливост, Дана ни покажува дека сите можеме многу повеќе отколку што мислиме. Дури и кога одвратниот и пијан домаќин на куќата каде што работи како помошничка во Скопје ја силува, Дана умира во себе, но продолжува да живее. Каков друг избор има? И човек би помислил дека е доста, доволно беа трагедии, тага, несреќи страдање. Но не, може да се каже дека ова е само средината на нејзините маки и премрежја.

Никогаш не би поверувала дека ова е всушност дебитантско дело, да не знаев. Каква приказна, какви емоции, каков прекрасен стил на изразување! Нада Стојилковиќ е родена да биде автор, создадена да направи нешто навистина големо на македонската книжевна сцена.

„Ќерката на дрвосечачот“ е книга која раскажува за мајчинската љубов, за женската издржливост, за човечката злоба, за горчливоста на судбините. Книга која неколкупати ме доведуваше до солзи, ме тераше да запрам со читање за да се замислам или да подвлечам некоја реченица. Уште не можам да разберам како оваа книга толку години стоела во фиоката на госпоѓата Нада Стојилковиќ, но можеби го чекала вистинскиот момент, вистинскиот издавач кој нема само да ја испечати и чува по некои магацини, туку ќе се заложи вистински за неа со цел што е можно повеќе луѓе да добијат можност да ја прочитаат оваа исклучителна приказна.

Детали

ISBN: 978-608-260-024-6
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2019
Број на страници: 255

  1. :

    5 out of 5

    👏

  2. :

    5 out of 5

    Популарноста е навистина оправдана – животната сага на младата Дана е срцепарателна и незаборавна. Стилот на пишување е лесен, јасен и концизен, а ликовите се многу реално доловени. Емотивна приказна за непредвидливата моќ на судбината, љубовта и издржливоста на една млада жена… Таписерија од нежни чувства, болка и страдање по своето чедо… Наде, секоја чест за книгава и очекуваме нов роман наскоро 🙂

  3. :

    5 out of 5

    Предобра е мал збор. Толку многу моќни пораки… Знае да те допре до најдлабокиот дел од душата. Ја препорачувам❤

  4. :

    5 out of 5

    E ova è kniga. Makedonsko delo!! Prekrasna

  5. (го има купено овој производ од сајтот):

    5 out of 5

    Убаво,емотивно книгиче❣

  6. :

    5 out of 5

    Mnogu ubava prikazna,naboj od emocii..prikazna za izdrzlivosta na edna devojka,zena…kakva se moze da bide sudbinata na covekot i sto se moze da izdrzi na svoj grb… Nade cestitki od srce 🤗

  7. :

    5 out of 5

    Книгата ја добив за Петровден, случајно или неслучајно, се поклопува со еден од настаните во неа, а јас и’ се израдував нејзе како малата Дана на нејзината кукла што и’ ја купиле нејзините родители. Доволни ми беа 4 часа да ја прочитам. Честитки до авторката! Убава содржина, со препознатлива фабула за еден книжевник кој ги претчувствува настаните, со типичен, македонски, женски лик, како Велика на Петре од “Пиреј” и Дана на Наде од “Ќерката на дрвосечачот”, а нетипичен, македонски, машки лик, како еден Александар. Топло ја препорачувам, посебно на машките читатели, бидејќи книгата носи силна порака за тоа што бара една жена од еден маж, а тоа е љубов, разбирање и поддршка без разлика на нејзиното болно минато и нејзината болна сегашност.