View Cart “Живот за живот” has been added to your cart.
  • img-book
    28

    Лори Нелсон Спилмен

-28%
Попуст!

ISBN: 978-608-4741-06-0

Ќе има друг ден

од: Лори Нелсон Спилмен
4 од 5 од 2 оцени на читатели
2 оцени од читатели

Во оваа бескрајно симпатична приказна, една девојка тргнува да ја комплетира својата тајна листа со цели од детството и дознава дека животните соништа ќе ја доведат до животен пат кој никогаш не го очекувала.

1. Да одам во Париз.
2. Да изведувам во живо, на огромна сцена.
3. Да родам бебе, можеби и две.
4. Вистински да се вљубам.

Брет Болинџер има заборавено на тајната листа со желби што ја има напишано како наивна тинејџерка. Впрочем, сега возрасна личност, таа смета дека има сè што еден човек може да посака – убава работа во огромната семејна компанија, голем и скапо уреден стан и неодоливо момче.

Но кога нејзината сакана мајка умира, светот на Брет се накривува на својата оска. Наместо едноставно да ја назначи за директор на семејната компанија како што се очекува, Елизабет остава тестамент кој ги вџашува сите: таа бара нејзината ќерка прво да ја комплетира целата листа со цели и желби од детството што ја направила пред петнаесетина години.

button-new

390 ден 280 ден

44 на залиха

Клучни зборови: , , ,
Запознајте се со авторот
avatar-author
- Lori Nelson Spielman - 1961

Лори Нелсон Спилмeн е поранешен патолог за говор, советник и учител. Пишувањето е нејзината вистинска страст. Нејзиниот прв роман, „Ќе има друг ден“ беше објавен во 30 земји. Нејзиниот втор роман, „Слатко простување“, беше издаден во јуни 2015. Во моментов работи на својата трета книга. Таа живее во Мичиген.

Книги од Лори Нелсон Спилмен
27
Купи
Рецензија на уредник

Во оваа бескрајно симпатична приказна, една девојка тргнува да ја комплетира својата тајна листа со цели од детството и дознава дека животните соништа ќе ја доведат до животен пат кој никогаш не го очекувала.

1. Да одам во Париз.
2. Да изведувам во живо, на огромна сцена.
3. Да родам бебе, можеби и две.
4. Вистински да се вљубам.

Брет Болинџер има заборавено на тајната листа со желби што ја има напишано како наивна тинејџерка. Впрочем, сега возрасна личност, таа смета дека има сè што еден човек може да посака – убава работа во огромната семејна компанија, голем и скапо уреден стан и неодоливо момче.

Но кога нејзината сакана мајка умира, светот на Брет се накривува на својата оска. Наместо едноставно да ја назначи за директор на семејната компанија како што се очекува, Елизабет остава тестамент кој ги вџашува сите: таа бара нејзината ќерка прво да ја комплетира целата листа со цели и желби од детството што ја направила пред петнаесетина години.

Потиштена од тага и болка, Брет не може да ја разбере одлуката на мајка ѝ. Но додека се бори да ја комплетира листата, сфаќа дека најслатките подароци на животот понекогаш се наоѓаат на најнеочекуваните места.

Детали

ISBN: 978-608-4741-06-0
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2016
Број на страници: 367

  1. :

    5 out of 5

    Ја препорачувам на читатели кои сакаат книги во кои љубовната приказна не е центреална тема туку општо животот, радоста, остварувањета како личност. Мене ми се допадна оваа книга.

  2. :

    3 out of 5

    Океј книга. Фино ми беше додека ја читав, се замислив и јас за желбите кои сум ги имала кога сум била мала и колку од нив сум остварила. Книгава не е типична љубовна приказна, со фокусот ставен на тоа. Повеќе е за патот по кој главниот лик треба да се движи за да биде вистински среќна. Трудејќи се да ги исполни желбите на мајка и, Брет запознава многу луѓе, се соочува со различни ситуации, учи како да биде храбра и како да се соочи со различните предизвици. Авторот креирал интересни ликови, со трогателни судбини и животни приказни кои ќе и помогнат на Брет да се пронајде себеси. Мене ми се допадна да читам за повеќето од нив. Исто така ми се допадна и начинот како писателката ја истакнува поврзаноста помеѓу мајката и ќерката, дури и по смртта на мајката. Книгата инспирира и дава надеж дека понекогаш љубовта, работата од твоите соништа и малите задоволства, ги пронаоѓаш таму каде не си планирал и очекувал.