• img-book

    Алиса Фини

Камен, Лист, Ножички

од: Алиса Фини
5 од 5 од 1 оцени на читатели
1 оцена од читател

Мислите дека ја познавате личноста со која сте се венчале? Размислете уште еднаш…

Работите помеѓу господин и госпоѓа Рајт веќе долго време не се како што треба. Кога Адам и Амелија добиваат викенд-патување во Шкотска, тоа може да биде токму она што му треба на нивниот брак. Самопрогласениот работохолик и сценарист Адам Рајт цел живот живее со нарушување на способноста за идентификување човечки лица. Тој не може да ги препознае пријателите или семејството, па дури ни сопствената сопруга.

Секоја годишнина двојката разменува традиционални подароци – хартија, памук, керамика, калај – и секоја година сопругата на Адам му пишува писмо, што никогаш не му дозволува да го прочита. Сè досега. И двајцата знаат дека овој викенд ќе го поправат или раскинат нивниот брак, но тие не го добија ова патување случајно. Еден од нив лаже, а некој не сака тие да живеат среќно до крајот на животот.

Десет години брак. Десет години тајни. И годишнина што никогаш нема да ја заборават.

Камен, Лист, Ножици е најновиот возбудлив трилер од кралицата на убиствените пресврти и најпродавана авторка на Њујорк Тајмс, Алиса Фини.

Goodreads Choice Award
– Номинирана за најдобра мистерија и трилер за 2021 година

520 ден

Количина:
Запознајте се со авторот
avatar-author
Алиса Фини е писателка и новинарка. Нејзиниот Њујорк Тајмс бестселер е преведен во 18 земји, а моментално работи на втора книга, Понекогаш убивам. Уште не се знае дали двете се поврзани во дејствијата или само во насловите.
Книги од Алиса Фини
За книгата

  1. :

    5 out of 5

    “Во Камен, лист, ножички се зборува за одлуките. Јас ја донесов мојата, а ќе дојде време кога и ти ќе треба да ја донесеш твојата. Има само една добра работа во тоа да се изгуби сѐ, слободата што ја чувствуваме кога ќе сфатиме дека не ни останало ништо друго што можеме да го изгубиме.”

    Какво маестро од книга! Не ми се верува што прочитав!

    Оваа книга е еден вистински страшен ролеркостер кој ќе ве вози и вози дооолго откако ќе ја прочитате и последната страница.

    Како и во вистинскиот живот, каде што не знаеме што е фикција а што реалност, блиските луѓе кои мислиме дека ги познаваме, тајните и лагите кои се трупаат од ден за ден, така и во книгава, не се знае кој е кој и каква игра игра. Книга која допира до срж. Книга која со сигурност нема да ја заборавам никогаш. Книга која потсетува на реалноста со која се соочуваме секој ден. Книга која навистина остава траги.

    Ја читав без здив и навистина не станав од столчето дур не ја завршив! Најтопла препорака од мене! 💓