-
Лиса Гарднер
Јас те сакам повеќе
од: Лиса ГарднерКОГО САКАШ?
Едно прашање, минијатурно делче од секундата и Брајан Дарби паѓа мртов на кујнскиот под во својата куќа. Неговата сопруга, државната полицајка Теса Леони, тврди дека го застрелала во самоодбрана, а нејзиното модро лице и скршени коски ја поддржуваат таа приказна. За искусната детективка Ди Ди Ворен, случајот е прилично јасен. Само што… каде е нивната шестгодишна ќеркичка?
И КОЛКУ ДАЛЕКУ БИ ОДЕЛЕ ВИЕ…
Детективите ја започнуваат потрагата по девојчето додека истовремено се трудат да ги откријат сите семејни тајни. Дали една тренирана полицајка навистина би си го застрелала сопругот? Зошто? И дали една мајка е способна да го повреди сопственото дете?
420 ден
КОГО САКАШ?

… ЗА ДА ЈА СПАСИТЕ?
За Теса Леони, најлошото следува дури сега. Таа чекори по тенко јаже, не може да побара помош од никој, не смее никому да верува. Таа има само една цел и планира да ја искористи секоја секунда тренинг за да дојде до неа. Ниедна жртва не е преголема, ниедно дело не е незамисливо. Мајката знае кого сака…
ISBN: 978-608-4672-04-3
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2012
Број на страници: 368
Marijana – :
Knigava ja procitav vo eden zdiv. Krajot sosema me iznenadi. Ja preporacuvam!!!
Симона – :
Прва книга прочитана од Лиса
Туку што се навлеков на неа
Ерика (го има купено овој производ од сајтот) – :
Фантастична книга. Предобар трилер како и сите книги на Лиса Гарднер. Се надевам дека ќе се преведат сите книги од серијалите од Ди Ди Ворен и Теса Леони
Соња – :
Многу многу добра книга ! Книгите на Лиса се за оние кои сакаат книги кои се читаат лесно во еден здив. Ова ми е една од подобрите. Во оваа книга се судираат ликови од два посебни серијали на книги Теса Леони и Ди Ди Ворен. Серијалот со Ди Ди Ворен ми е за нијанса поинтересен.
Сепак, би сакала издавачот да ги издава книгите по серијали и по ред со оглед да издаваат наизменично по некоја книга од двата серијала и не се хронолошки како што излегле оригинално. Би сакала цел серијал да го издадете бидејќи нејзините книги се супер
Александар Николовски – :
Прекрастична книга, од мене 4.75/5… the best од Лиса Гарднер!
ТАЊА ДИМЕСКА – :
Прекрасна книга
Слаѓан Бишковски – :
Фантастична е книгата, се надевам ќе преведите и други книги од Лиса Гарднер 🙂