• img-book

    Саша Богдан

Попуст!

ИЗЛЕЗ

од: Саша Богдан
4 од 5 од 1 оцени на читатели
1 оцена од читател

Сузан Колинс се буди во чудна соба налик на „собите за бегство“, каде што решаваш загатки за да стигнеш до излезот. Набргу сфаќа дека е затворена со глувонемиот Џефри, младиот Дилан кој е слеп од раѓање и Мајк, кому му недостасуваат горните екстремитети, додека самата таа е во инвалидска количка по тешка сообраќајна незгода. Последното нешто на кое сите се сеќаваат е дека биле присутни на забавата на Астрикс, филантропска компанија која вложува огромни средства во откривање и лекување на трауми, како и нови методи за лечење на тешки заболувања.

Не знаат како се нашле во собата, зошто се заклучени таму и како е направена таа чудна комбинација на луѓе со различни инвалидитети, но веднаш сфаќаат дека има траги насекаде околу нив и дека мора да ги здружат силите за да почнат да ги решаваат загатките ако сакаат некогаш да излезат.

Сепак, кога детективот Алекс ќе почне да го истражува случајот, првото нешто на што ќе наиде е документ за приватност кој сите затворени во собата за загатки го имаат своеволно потпишано… што значи дека некој тука крие нешто, дури и дел од заробените во собата. Но сопругот на Сузан е убеден дека таа е таму против своја волја, дека не би заминала никаде без да му каже и најстрашно од сѐ, чувствува дека неговата сопруга е во голема опасност.

 

350 ден245 ден

Количина:
Запознајте се со авторот
Книги од Саша Богдан
За книгата

  1. :

    4 out of 5

    #рецензија

    ,,Излез“

    ,,Секогаш постои излез.”

    Ова е трето дело од нашата авторка Саша Богдан.Уште со самиот наслов ме привлече книгата и не сум погрешила. Умешно доловено и обработено дело кое додека го читате ќе помислите дека во рака држите филмско сценарио.Авторката со ова дело излегла од нејзината комфорна зона и напишала една извонредна мистерија.Ваква тема и приказна кај нашите автори поретко се сретнува.
    Сите ние имаме свои ‘соби за бегство’ кои се наоѓаат во нашата глава, во нашиот мозок. Во овие наши соби можеме се’ да премотаме, да анализираме, да направиме свој филм на што и да било.Мозокот е комплексна работа, како и оваа приказна која е комплексна мистерија и ќе ви привлече внимание повеќе од другите. Читајќи ја книгава ќе сфатите дека сите ние имаме нешто добро и нешто лошо во секој од нас. Што ќе преовлада зависи од самиот миг и ситуацијата во која ќе се најдеме.

    Во оваа книга е претставена способноста на човекот за комуникација, тимската работа, адаптирање,способноста за преживување, а посебно развиеноста на сите сетила во еден миг и нивно вклучување.Четворица ликови со различен инвалидитет се наоѓаат затворени во ‘соба за бегство’.Не знаат зошто се заклучени, не знаат како се нашле таму, но едно со сигурност што знаат е дека мора да најдат излез.Сфаќаат дека за да излезат мора да ги решат загатките, односно треба да функционираат тимски. И со самото тоа излегуваат на површина карактерите и способностите на секој од ликовите.Но, се појавува документ за приватност кој сите тие своеволно го потпишале.Значи, некој нешто крие, не е се’ така како што изгледа.

    Главен акцент авторката ставила на личностите со инвалидитет, не на преживувањето или тимската работа, не и на барањето излез.Барањето излез во оваа книга е од друг вид, излез од самите себе, од својата ‘соба за бегство’, од својата состојба во која се наоѓаат ликовите,за да се справат со своите внатрешни борби и со душевниот немир.Сите овие ликови имаат некое понеразвиено сетило, а друго поразвиено.Мозокот и телото во вакви ситуации кај сите реагираат различно.Но, ако тимски се здружат и се искористат сетилата (способностите), тогаш моментот станува фацинантен.Секој од нив има посебна моторика, досетливост, слух односно звуци кои можат дa ги распознаваат слепите, глувонемите можат со поглед да ги ‘прочитаат луѓето’.
    Авторката во оваа книга го свртела вниманието на овие групи на луѓе и со тоа ни прикажува колку тие се посебни и никогаш не треба да се потценуваат.Затоа обрнете им внимание, помогнете им, разговарајте со нив, дружете се, бидејќи тие се посебни.Нивната моторика, нивните сетила, нивниот капацитет на резонирање е поразвиен и поспособен во одредена состојба. Браво Саша Богдан !