View Cart “Без страв” has been added to your cart.
  • img-book


ISBN: 978-608-260-023-9

Изгубеното писмо

5 од 5 од 1 оцени на читатели
1 оцена од читател

Срцепарателна, љубовна историска приказна инспирирана од вистински ликови кои биле дел од отпорот за време на Втората светска војна во Австрија и мистериозно љубовно писмо што поврзува генерации еврејски семејства.

Австрија, 1938
Кристоф е млад чирак на еврејски мајстор за изработка на поштенски марки. Кога неговиот учител исчезнува за време на Кристалната ноќ, Кристоф е принуден да продолжи да изработува марки за Германците, а истовремено работи и со Елена, ќерката на неговиот сакан учител, на фалсификување документи за што повеќе Евреи да побегнат од државата. Додека се вљубува во Елена во екот на бруталниот хаос на војната, Кристоф мора да најде начин да ја спаси неа и да се спаси себеси.

Лос Анџелес, 1989
Кејти Нелсон си ги средува животот и куќата после тежок развод и налетува на колекцијата поштенски марки на татко ѝ, кој од неодамна е во дом затоа што почнува да го губи помнењето. Кога ги носи кај проценител, тој открива необична поштенска марка од Австрија од времето на Втората светска војна, залепена на старо љубовно писмо кое никогаш не стигнало на својата финална дестинација. Кејти и Бенџамин, проценителот на стари марки, заедно почнуваат да откриваат приказна која зборува за страст и трагедии кои се протегаат низ декади и континентни.

button-new

420 ден

7 на залиха

Количина:
Рецензија на уредник

Проверете подоцна…

Детали

ISBN: 978-608-260-023-9
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2019
Број на страници: 320

  1. :

    5 out of 5

    ПРЕКРАСНА книга. Ја земав без никакви очекувања затоа што не сум голем љубител на историска фикција ама дефинитивно ми остави впечаток и откако ја прочитав ја препорачувам на сите