• img-book

    Џил Пол


ISBN: 978-608-260-042-0

Изгубената ќерка

од: Џил Пол
5 од 5 од 4 оцени на читатели
4 оцени од читатели

Руска принцеза. Неверојатна жртва. Мистериозна тајна…

Од авторката на бестселерот Тајната сопруга ни доаѓа нова трогателна приказна за јачината на љубовта и моќта на простувањето.

1918 година: кога државата со која претходно владееја се врти против нив, иднината на семејството Романови виси на конец. Тогаш средната ќерка, Марија, го привлекува вниманието на двајца од стражарите и тоа води до еден многу тежок избор помеѓу правилното и погрешното.

Педесет и пет години подоцна:

„Не сакав да ја убијам“. Со овие криптични зборови умира таткото на Вал, оставајќи ја да ја открие мистеријата која поврзува две семејства кои се имаат соочено со неопислива трагедија и можеби конечно да најде објаснување кое се чека многу одамна.

Ова е спектакуларна, воодушевувачка и романтична сага која ќе остане со вас засекогаш.

button-new

490 ден

Количина:
Запознајте се со авторот
avatar-author
Џил Пол е авторка на неколку бестселери и главно пишува историска фикција. Нејзина најпопуларна и најпреведувана книга е Тајната сопруга.
Книги од Џил Пол
За книгата
Детали

ISBN: 978-608-260-042-0
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2020
Број на страници: 450

  1. :

    5 out of 5

    Руска принцеза. Неверојатна жртва. Мистериозна тајна…

    1918 година: иднината на семејството Романови виси на конец, државата со која тие претходно влaдееја сега се врти против нив.

    Средната ќерка Марија, заедно со нејзините родители ги преместуваат од Гувернеровата куќа во Тоболск, во Ипатјевата куќа во Единбург. Нејзините сестри Татјана, Анастасија и Олга останаа во Тоболск, со нивниот брат Алексеј.

    Марија одлучува да се зближи со дел од стражарите со цел да дознае повеќе информации, но и да има друштво за разговор во текот на денот. Спријателувањето со стражарите ќе влијае лошо врз нив, но и врз неа.

    “Подобро да зјапаат во мене, отколку да живеам во оваа безлична келија.”

    По пристигнувањето на сестрите и нејзиниот брат, бројот на затвореници се зголеми на четиринаесет, а со тоа се зголеми и бројот на стражарите. По неколку месеци им соопштуваат дека ќе ги носат на друго побезбедно место, бидејќи Чесите се приближуваат.

    1973 година: Вал во своите тинејџерски години била осамена и очајна за љубов, а Тони во тие моменти изгледал како добра прилика за неа. Првиот пат кога ја удри Тони, било недела дена пред нивната свадба кога таа ненамерно уништила една од неговите кошули во жешка вода. За време на седумнаесетте години што поминале од времето кога тој го скршил нејзиниот зглоб, таа развила начини како да бунтува протов неговата контрола.

    “Ако можеш да помогнеш некому без да повредип некој друг, тогаш зошто не би го направила тоа?”

    Благодарение на сите описи, вие за миг ќе бидете вовлечени во приказната на Романови. Ќе патувате заедно со нив, а подоцна и со Вил. Емотивна, тажна и делумно мистериозна приказна за еден мрачен период во историјата,  која благодарение на сегашноста ќе успее да ве наврати во минатото откривајќи ви една незаборавна приказна за пожртвуваноста, храброста, загубата, борбата и љубовта. Ова е книга која ќе ви потврди и докаже дека надежта последна умира. ❤

  2. :

    5 out of 5

    Епска, емотивна книга со многу богати описи и детали – историја, романса, драма – се’ е убаво вклопено
    и доловено. Прекрасна приказна, останува во сеќавање и ја препорачувам секој да ја прочита 🙂

  3. :

    5 out of 5

    Рецензијата за оваа книга ќе ја започнам со кратките две реченици кои ги напишав на goodreads, неколку минути после завршувањето на книгата.
    If I could, I would give 100 stars. Amazing!!!
    Да, можете да видите колку сум воодушевена од Изгубената Ќерка, и колку со нетрпение чекав да седнам пред лаптопот и да почнам да пишувам рецензија за оваа историска драма, која ќе ве остави без зборови. Исто како што и мене ме остави без зборови.
    Во маестрално напишаната историска фикција создадена од перото на Gill Paul. фокусот е ставен на Марија, третата ќерка на Романови. Во 1917 година царот Николај Втори е симнат од престолот поради револтот на народот поради вклучување на Русија во Првата светска војна, која резултирала со глад на населението, и нееднаквоста помеѓу населението во Русија го достигнала врвот. Поради ова, тие се однесени во домашен притвор во Ипатјевата куќа во Екатеринбург.
    За време на притворот, Марија на секој можен начин се труди да направи престојот таму да ѝ биде поинтересен. На почетокот, таа е само со нејзините родители, царот Николај и царицата Александра. Подоцна, им се приклучува и остатокот од семејството. Но и покрај дрдорењето со нејзините сестри, играњето со нејзиниот брат, цртањето и мечтаењето по сите принцови кои ги запознала како принцеза, време кое сега ѝ се чини толку далечно, Марија единствена утеха наоѓа во разговарање со стражарите, невино кокетирајќи и уживајќи во магичниот ефект кој нејзината убавина го има.
    После скоро три месеци од нивното пристигнување во Екатеринбург, на 17 Јули се случува она кое сите го знаат, убиството на Романови и на нивните слуги во подрумот на Ипатјевата куќа. Како Марија успева да се спаси? Како средбите со тројцата стражари, Петар Вазнецов, Анатолиј Болотов и Иван Скороходов, ќе влијаат на животот на ќерката на последниот руски цар?
    Пред да почнам да ја читам оваа книга, имав мала читачка блокада. Откако ја завршив, сфатив уште еднаш зошто толку многу сакам да читам и зошто читањето е најневеројатната работа која може да му се случи на еден човек, во рамките на неговото досадно секојдневие.
    Зарем е неверојатно тоа што е 2020 година, јас живеам во време на светска пандемија, седам во мојата соба, не можам да излезам надвор поради тоа што сум во изолација, и одеднаш моите тековни проблеми магично исчезнуваат, се наоѓам себеси во мрачен подрум, ги гледам остатоците од мозокот на мојата мајка, ја допирам раката на сестра ми, и свесна сум дека најверојатно ги живеам последните секунди од животот? Потоа бегам по планините на Урал, гледам како еден млад човек се обидува да ми го спаси животот, дезинфекцирајќи ми ги раните со разновидните билки кои ги наоѓа во природата, сведок сум на Сталиниот режим, на гладот, на појавата на канибализмот, како и на стравот дека што и да кажеш може да те однесе во гулак и да го погуби твоето семејство. Но исто така, јас како Марија Романова доживувам една вистинска љубов, која ми создава второ срцебиење, љубов која е како воздухот кој го дишам, љубов посилна од неправдите и суровоста во светот во кој се наоѓам.
    Но јас сум и Вал, Австралијанка чија приказна паралелно се раскажува со приказната на Марија. Наспроти приказната на Марија која почнува во 1918 година, имаме и друга нарација во трето лице, која се однесува на млада жена која во Сиднеј, 1973 година, се соочува со семејно насилство и со борбата сама да се грижи за нејзината мала ќерка.
    Каква е поврзаноста на Марија и Вал? Дали светот ќе дознае дека крвта на последното царско семејство кое последно владеело со Русија, сè уште активно тече низ човековите вени?
    Оставам на вас да дознаете.
    Дозволете за момент да бидете некој друг, да го почувствувате раскошот на Романови, но и стравот, тагата, солзите, стравот, и голема, голема возбуда која ќе ве натера да не се смирите, сè додека не стигнете до последната страница од ова извонредно дело. Не сите книги ја имаат таа моќ да ве телепортираат во друг свет и да направат да имате identity issues, прашувајќи сте дали сте тоа вие или некој од фиктивните ликови. Писателката Џил Пол дефинитивно ја има таа моќ. Таа на еден симпатичен и сензитивен начин ја поврзала егзактната вистина која е поддржана со историски факти, во комбинација со нејзината фантазија за можниот живот кој би го го имала Марија, доколку го преживеала стрелањето.
    Според историските податоци, Марија навистина умрела во текот на стрелањето во подрумот во куќата на трговецот Ипатјиев. На Анастасија и Марија им било речено да се свртат до ѕидот и додека ги прекривале главите, биле убиени. Марија била погодена од куршум, а Анастасија била убиена со бајонет. Како е според замислата на писателката, оставам на вас да видите.
    Уживајте во оваа возбудлива, неизвесна историска драма која ќе остане долго во вашите сеќавања. Крајот на книгата ќе ви побуди безброј чувства, кои ќе ве натераат да ја земете книгата и да ја прегрнете. Во оваа книга подеднакво ќе уживаат и обожавателите на историја, и оние кои не сакаат толку историски приказни.
    Па што чекате тогаш. Прочитајте ја The Lost Daughter од авторот Gill Paul.

  4. :

    5 out of 5

    Оваa книга е преубава,Џил е навистина неверојатна писателка.Уживав во секоја минута читајќи ја,богата историска фантастика.😊👏