• img-book


ISBN: 978-608-260-059-8

Избриши ги солзите

4.91 од 5 од 11 оцени на читатели
11 оцени од читатели

Водена од опсесијата да ги пополнува празнините во туѓите животи, Мила Еџ има неверојатна страст, инстинкт и дарба за пронаоѓање исчезнати деца. Кога сè друго изгледа изгубено и беспомошно, очајни души од сите страни на светот доаѓаат кај неа за надеж и помош. Со работата, Мила се бори да побегне од бруталните емоции кои ја јадат однатре затоа што има само едно дете кое не може да го пронајде со години… а тоа е нејзиното дете.

Кога добива дојава за синџир за трговија со бебиња во мало село во Мексико, Мила тргнува да истражува без двоумење. Клучен човек во организацијата е маж со едно око, кој Мила патем добро го помни од минатото. Очајна да го најде, Мила се здружува со Џејмс Дијаз; сомнителен странец кој делува подеднакво опасно како и луѓето кои ги бараат.

Иако истрагата станува сè пожестока, Мила нема намера да се откаже. Иако сите ѝ велат да престане да го бара своето дете зашто веќе се изминати десет години, таа не слуша никого. Мила е жена борец, волчица подготвена на сè за да го најде своето дете. Па макар и соочена со опасен маж, платен убиец, кој би можел да ја замолчи засекогаш.

450 ден

Количина:
За книгата

  1. :

    5 out of 5

    Број 1, книга која не се заборава ❤

  2. :

    5 out of 5

    Книга што не се заборава
    Сакам уште да читам од Линда,се надевам ќе се преведат уште книги

  3. :

    5 out of 5

    Пре прекрасна книга, целосно допирање до сите емоции. Децата се нашето СЕ, нашиот живот! Како мајка и секоја мајка, ќе се пронајде во книгава до срж. И уште една порака носи книгава дека “каменот одблизу доаѓа”, дека секогаш изневерува тој кому му веруваме, дека секогаш во сите случаи криминалецот/предаторот ја познава/се знае со жртвата.

  4. :

    5 out of 5

    Прекрасна книга, те зграпчува уште од првата страница. Крајот е многу добар и емотивен!

  5. :

    4 out of 5

    Прочитана за еден ден,прочитана во еден здив!

  6. :

    5 out of 5

    #ТеПредизвикувамеДаЧиташ
    #СакамКнигиПредизвик1

    #рецензија

    “Децата се нашиот живот,нашето богатство,нашата среќа,додека се до вас пружете им неизмерна и безусловна љубов,бидејќи не знаеме што носи следниот миг”.

    Купете ја оваа книга нема да зажалите.Додека ја читате,верувајте дека ќе плачете.Ова е приказна за пожртвуваноста и силата на една мајка,која е способна да направи и да издржи се за своето дете.Емотивна,болна,срцепарателна книга која допира до секој нерв,до секоја жила во вашето тело.Линда Хауард напишала таква неверојатна приказна што толку длабоко ме трогна,дури и после завршувањето на книгата ми требаше време да се вратам во реалноста.Емоциите на хероината ги разбирам потполно бидејќи и јас сум мајка и јас имам дете.Крајот ми остави толкав голем впечаток,толку ме растргна што ме замисли како јас како мајка би го издржала тоа и дали би се дигнала повторно на нозе.

    Мила Бун е мажена за Дејвид,хирург со кого има бебе старо шест недели.Поради работата на Дејвид живеат во Мексико.Непосредно пред враќањето во САД,Мила со своето бебе оди на пазар.И тука се случува најлошиот кошмар за еден родител.Ја напаѓаат двајца и го киднапираат нејзиниот син.При одбраната таа трајно го ослепува едниот од сторителите,а тие нејзе ја прободуваат и ја оставаат во локва крв.
    После поминати десет години Мила е разведена и е основач на групата “Пронаоѓачи”,специјализирана за пронаоѓање на изгубени личности,посебно на деца.Десет мачни години таа не ја откажала и потрагата по нејзиниот син.Кога конечно добива информации за киднапирањето на својот син го запознава Дијаз,кој има информации за ослепениот напаѓач на Мила.Како што интензивира потрагата на Мила,така расте и желбата за Дијаз.Таа ненадејно се заплеткува во криминална мрежа-синџир за шверц на бебиња.

    Кога ќе ја читате оваа книга ќе ги почувствувате страдањата на Мила и ќе ја разберете нејзината решителност за потрагата.Преку неа ни е претставена секоја мајка што изгубила дете.А Дијаз ќе ви стане омилен херој,иако е мрачен и опасен.Книгава ја препорачувам бидејќи е четиво кое вреди да се прочита.Линда Хауард ни удира “тупаница” со оваа емотивна,чувствителна приказна која ве мава директно во срцето.Добро срочена,одлични ликови и прекрасна приказна.

    “Уживајте во прегратките и љубовта на своите деца,тие се нашата причина за живот,нашето светло во мрачниот тунел”.

  7. (го има купено овој производ од сајтот):

    5 out of 5

    Одлична книга. Јас би ја класифицирала во редовите на акциони трилери.

  8. :

    5 out of 5

    Прекрасна👍

  9. :

    5 out of 5

    Колку може да издржи мајчиното срце? Кој е тој зрак на светлина кој не чека на крајот од тунелот? Која е таа сила која ја одржува во живот една мајка која го изгубила своето дете? Вера, надеж ,љубов. Таа не се откажа и тогаш кога беше очајна. Ни тогаш кога никој не веруваше во она за кое таа се бори. Дали оние на кои им веруваме можеби ни забиваат ножеви во грбоhttps://sakamknigi.mk/product/izbrisi-gi-solzite/#т? Понекогаш оние кои ни изгледаат страшно и ни делуваат опасно , всушност се оние најдобрите. Вистинската љубов е само онаа искрената, кога се љуби само со срцето, без интереси, без задни намери,кога љубиш некој само затоа што е тоа што е. Прекрасна приказна, прочитана во еден здив, ме остави без зборови и ме расплака.

  10. :

    5 out of 5

    Прекрасна!

  11. :

    5 out of 5

    Една од најубавите кои ги имам прочитано. Книгава е гром! Тешко од памет дека ќе ја извадам некогаш.❤️