• img-book

ISBN: 978-608-260-090-1

Искра надеж

5 од 5 од 5 оцени на читатели
5 оцени од читатели

Неверојатен роман за љубовта, загубата и храброста на една жена за време на војната.

По уништувачкото предавство од саканиот, Џилијан Гибонс заминува во својот семеен дом бидејќи има ужасна потреба за бегство од реалноста. Но тогаш таму наоѓа стара фотографија од нејзината баба во прегратките на нацистички офицер и нејзиниот живот станува уште покомплициран. Заинтригирана од новото откритие, Џилијан се обидува да ја открие вистината која стои зад фотографијата, па тргнува на епско патување низ минатото.

1939 година: Aнглија се наоѓа на раб на војна додека Вивијан се вљубува во згоден британски војник, но кога започнува одекнувањето на бомбите и прекрасниот живот на Вивијан е уништен за секунда, таа прави сè за да ги заштити своите сакани.

Како што Џилијан дознава повеќе за својата баба, така старата фотографија сè повеќе добива смисла. Но на секое одговорено прашање, се отвора ново. Соочена со неочекуваната вистина, Џилијан се обидува да го расветли не само мистериозното минато на нејзиното семејство, туку и својата иднина.

Оваа безвременска, мултигенерациска сага е срцепарателен сведок за борбата на една жена да преживее, совршена за сите кои ја обожаваат ,,Славејот“од Кристин Хана.

490 ден

Количина:
За книгата

  1. :

    5 out of 5

    Прекрасна книга, ја препорачувам!

  2. :

    5 out of 5

    “Иако беше слепа, сепак беше љубов.”

    Неверојатен роман, кој ќе ви раскаже за храброста, љубовта и загубата на една жена за време на војната. На неколку наврати ќе успеат да ве изнервираат одредени постапки, но дел од нив ќе успеат да допрат длабоко до вас. Колку далеку е подготвена да стигне и со какви предизвици е подготвена да се соочи една жена останува да откриете самите вие.

    “Се чувствувам лесно како пердув кој лебди на мирна река во непозната иднина, но сигурна сум дека што и да ме чека, ќе биде прекрасно.”

  3. :

    5 out of 5

    “Искра надеж”- Џулијан Меклејн

    Доколку имате читано дел од книгите на Кристин Хана и Сара Џио и ви се допаѓа тој стил на пишување, во тој слушај, без двоумење ќе ве освои оваа преубава приказна.

    “Понекогаш човек мисли дека познава некого, но можеби не е можно да знаеш се за една личност, дури и за личноста што ја сакаш. Можеби добрите луѓе- најдобрите луѓе- само подобро знаат да си ги чуваат тајните.”

    2011 година: На прославата на роденденот на својот сакан, Џилијан дознава дека саканиот ја изневерува. Набргу потоа, одлучува да замине во својот семеен дом. Татко и ја пречекува со веста дека нашол стар предмет на таванот и не знае што да мисли во врска со него. Во ковчежето се наоѓаат фотографии од заљубен пар- фотографии од баба и во прегратка на нацистички офицер. Во тие мигови, заинтригирани и зачудени од нивното откритие имаат многу прашања кои сакаат да и ги постават на баба и.

    “Мила, не заборавај дека бајките не постојат. Никогаш не се случува за тоа што мечтаеме.”

    1939 година: Англија се наоѓа на раб на војна. Вивијан работи во винарницата на татко и, но нејзиниот извондреден глас го користи пеејќи во познати куќи за забави. Теодор Гибонс е заменик министер во новото Министерство за набавка. Бидејќи војната беше се поблиску до нив, Теодор чувствува притисок да си ја исполни фамилијарната должност, да се ожени и да создаде наследници за титулата Гранчестер.

    “Но, знаеш што велат- вистината секогаш излегува на виделина.”

    Eјприл живее во Париз. Една вечер, додека пеела во кабаре, во Бордо, таа се заљубува во најневеројатниот маж што некогаш го запознала. Нивната љубов, прераснува во голема страст. Заедно доживуваат прекрасни мигови, кои набргу се уништени од суровата реалност. Војната е многу блиску до нив.

    “Понекогаш не е лесно да се зборува за болни работи. Полесно е да се избегнуваат. Да се закопаат.”

    Едно мирно и тивно попладне, се слушна страшното брмчење на огромните бомбардери, проследено со татнеж на бомба што паѓа од небото. Во тие мигови, животот на Вивијан е умиштен за секунда, но таа прави се за да ги заштити своите сакани.

    “Најголем е стравот при исчекување.”

    2011 година: После долги години, чувана во тајност, врежана длабоко во себе, приказната на баба и конечно изгледува на виделина. Старата фотографија и предметите кои се наоѓаат во самото ковчеже, се повеќе добиваат смисла. Една неочекувана и сурова вистина ќе успее да открие многу одговори и длабоки тајни поврзани со минатото на нивното семејство. Џилијан ќе се обиде да открие повеќе информации поврзани со нивното минато,но и ќе успее да го пронајде вистинскиот пат за својата иднина.

  4. :

    5 out of 5

    Книга која ја читав со грутка вогрлото. Со сигурност тврдам дека немам прочитано нешто поемотивно и толку болно. Многу ме потресе и погоди. Ова е една таква убава љубовна приказна, што ретко се наоѓа. Ликовите се страшно добро изградени, целата приказна, а посебно стилот на пишување. Кога ќе се земе книгава во раце, просто е невозможно да се пушти додека не се прочита. Немам зборови. На секому ја препорачувам, од срце! ❤️

  5. :