-
Шеви Стивенс
Исчезната без трага
од: Шеви СтивенсПоловина горчлива драма, половина неизвесен трилер, Ени ја раскажува својата приказна низ сесии со нејзиниот психијатар.
Една година помината во напуштена планинска колиба, една година киднапирана, тепана, изолирана, силувана, малтретирана и брутализирана.
И потоа, по нејзиното конечно ослободување, таа почнува да бара одговори на прашањето: Зошто? Но некои прашања е подобро да останат неодговорени…
Исчезната без трага е реткост помеѓу трилерите: искрена, директна, шокантна, брутална книга преведена на 25 јазици…
„Често гледаме лица на убави, насмеани исчезнати жени на насловните страници. Си велиме: Кутрата жена… Но никогаш не ни паѓа на ум дека следната насловна би можела да ја носи нашата слика…“
420 ден210 ден
Едно топло летно утро, кога Ени – триесет и две годишна агентка за продажба на недвижнини – го напушта својот дом за да оди на презентација на куќа, таа има само три цели: да ја продаде истата куќа, да заборави на караницата со мајка ѝ од тоа утро и да стигне навреме за вечерата со нејзиното фино и трпеливо момче. Презентацијата на куќата не оди сјајно, па кога последниот посетител пристигнува баш кога Ени се подготвува да си замине, таа помислува дека среќата конечно ќе ѝ се насмевне. Реалноста е далеку од тоа.
Половина горчлива драма, половина неизвесен трилер, Ени ја раскажува својата приказна низ сесии со нејзиниот психијатар. Една година помината во напуштена планинска колиба, една година киднапирана, тепана, изолирана, силувана, малтретирана и брутализирана. И потоа, по нејзиното конечно ослободување, таа почнува да бара одговори на прашањето: Зошто? Но некои прашања е подобро да останат неодговорени…
Низ сесиите со психијатарот и во соработка со полицијата, Ени полека почнува да дознава некои работи, а ние – заедно со неа – почнуваме да се сомневаме буквално во секоја од нејзините најблиски личности.
Исчезната без трага е реткост помеѓу трилерите: искрена, директна, шокантна, брутална книга преведена на 25 јазици…
„Често гледаме лица на убави, насмеани исчезнати жени на насловните страници. Си велиме: Кутрата жена… Но никогаш не ни паѓа на ум дека следната насловна би можела да ја носи нашата слика…“
ISBN: 978-608-4672-11-1
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2012
Број на страници: 350
Стефани (го има купено овој производ од сајтот) – :
Океј книгиче и добра приказна.
Но,за мене малку предвидлива и млака,сакам појаки трилери.
Сепак вреди да се прочита,некогаш најлошото ти го прават тие што ти се најблиски.😁
Slobodanka – :
Se cita vo eden zdiv, so prekrasno raskazuvanje vo prvo lice i zadovoluvanje na citatelot so site brutali detali od zarobenistvoto kaj eden izopacen mozok
Booklover – :
Многу подобра од “Никогаш не се знае” напната и ве држи до крај
Александар Николовски – :
Книгава е повеќе од океј, но за мене малку предвидлива 3.5/5
Слаѓан Бишковски – :
Емотивен и шокантен трилер со многу пресврти, одлична.
bube_987 – :
Уникатен концепт,нема што 🙂
Многу интересна книга 🙂