• img-book

    Вај Киленд

Господин Неподнослив

од: Вај Киленд
5 од 5 од 2 оцени на читатели
2 оцени од читатели

Сè започна со една мистериозна сина белешка зашиена во еден невестински фустан. Нешто сино…

Отидов да го продадам мојот неносен невестински фустан во еден бутик за облека од втора рака. И така го пронајдов фустанот со пораката на некоја друга невеста. Фантастичен скап дизајн со пердуви и најубавата порака што некогаш сум ја прочитала: „Ти благодарам што ги исполни сите мои соништа“.

На сината скапа хартија беше втиснато името Рид Иствуд, очигледно најромантичниот маж кој некогаш постоел. Наскоро дознав дека е и најпрекрасниот. Камо среќа тука да запрев со фантазиите за вистинска љубов. Така немаше да дознаам дека воедно е и најнеподносливиот, најарогантниот и најтешкиот човек на светот. Благодарение на иронијата на судбината, тој ми е новиот шеф. Но тоа нема да ме спречи да ја откријам приказната што се крие зад неговото последно љубовно писмо. Љубовно писмо кое не било проследено со среќен крај. Како и да е, таа драма не може ни да се спореди со драмата што почнува меѓу нас. Само еден Бог знае како ли ќе заврши таа…

420 ден

Количина:
Запознајте се со авторот
Книги од Вај Киленд
За книгата

  1. :

    5 out of 5

    Книгата е одлични напишана, нешто приближно на Џули Џејмс. Едно нешто што можам да го издвојам како забелешка е дека во сите 3 книги дејството на почетокот се одвива во супер нагорна линија, а потоа доаѓа затишје испреплетено со драма. Забележуваш дека главните ликови во сите 3 книги имаат некое не толку сјајно минато кое оставило трајни впечатоци и во сегашноста; тоа ве тера да се соживеете со ликовите и да сфатите дека таков е уствари животот и во реалноста. Ништо не е сјајно. Но! ми се допаѓа тоа што ликовите не дозволуваат тоа да им влијае, туку напротив, тоа ги прави послини. Се соочуваат со минатото и ги решаваат проблемите. А за краевите за секоја книга посебно оставам на вас да видите како завршува. 🙂

  2. :

    5 out of 5

    Едноставно предобра!!!!