-
Лиса Гарднер
Фати ме
од: Лиса ГарднерШТО АКО ГО ЗНАЕШ ТОЧНИОТ ДЕН КОГА ЌЕ УМРЕШ?
Шарлин Грант верува дека ќе умре наскоро. Во изминатите две години, некој ги убива нејзините пријателки од детството една по една. На истиот ден. Во исто време. И сега таа е последната што е останата жива и ги одбројува последните четири дена до 21-ви јануари.
КОЛКУ ДАЛЕКУ ЌЕ ОДИШ ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕШ?
Шарлин не планира да се предаде без борба. Таа цела година боксува, тренира пукање и трча. Таа исто така сака, ако сепак биде убиена, истрагата за нејзиното убиство да ја води детективката Ди Ди Ворен.
Но како што Ди Ди навлегува подлабоко во случајот, така почнува да ја преиспитува приказната на жената. Инстинктите ѝ велат дека има шанси Шарлин да не е во никаква опасност. Ако тоа е вистина, тогаш жената мора да има некоја тајна – некоја толку страшна тајна што таа самата по себе би можела да биде најголемата закана од сите.
420 ден
Моментално недостапна
Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.
ISBN: 978-608-4672-95-1
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2018
Број на страници: 409
Наташа – :
Најубава книга од Лиса Гарднер. Женава е кралица за трилери, едноставно ѝ нема рамна.
Соња – :
Се мислев дали да дадам 4 или 5 ѕвезди ! 4 затоа што Лиса Гарднер има и подобри книги, но доколку не правам комапрација со другите нејзини книги сепак е книга за 5. Оние кои сакаат драматични книги кои се читаат во еден здив (особено за читање на плажа), книгите на Лиса топло ги препорачувам
Александар Николовски – :
Стандардно добра беше книгава, Лиса е мајсторка на својот занает, но за мене лично оваа книга е најслабичка од досега преведените нејзини четири, а и убиецот овде некако прерано го открив што не беше баш слушај со останатите три книги 🙂
Слаѓан Бишковски – :
Одлична неизвесна приказна со неочекувани пресврти и настани, ја препорачувам… Гарднер никогаш не разочарува 🙂