• img-book

    Бруклин Хадсон


ISBN: 9786084672166

Фатални желби

од: Бруклин Хадсон
4.8 од 5 од 5 оцени на читатели
5 оцени од читатели

Жулиен и Ракел имаат прекрасен живот, но тој се претвора во кошмар после трагедијата ноќта на нивната деветта годишнина. Жулиен, ладен и резервиран поради трагично минато, но сепак лојален човек со златно срце, одлучува да почнат одново, да се преселат во мало мирно гратче и да му се вратат на нормалниот живот далеку од сите опасности. Но она што не го знае е дека во новата прекрасна планинска куќа ги чека нова опасност, кошмар пострашен од сите други.

На прв поглед, куќата во Кингс Холоу изгледа како остварување на сонот. Но таа има една уникатна карактеристика. Сите нејзини станари се вклучуваат во една фатална игра додека живеат таму. Игра која може да ти ги исполни сите желби… Игра која дефинитивно ќе нѐ научи да внимаваме што посакуваме… Нивните желби се исполнуваат. Нивните стравови се враќаат. Нивните кошмари стануваат реалност. Но… некои желби е најдобро никогаш воопшто да не се посакаат…

За љубителите на Стивен Кинг: хорор мистерија со доза на натприродни трилер елементи. Оваа книга ќе ве извози на шокантна луда железница.

button-new

380 ден

Моментално недостапна

Клучни зборови: ,
Запознајте се со авторот
avatar-author
- Brooklyn Hudson
По потекло од Њујорк, Бруклин почнува да пишува од единаесет години. Со големи амбиции ги завршува студиите и ги усовршува своите вештини за пишување. Таа е сценарист и најпродаван автор на Амазон.
Книги од Бруклин Хадсон
Рецензија на уредник

Лошо минато: Жулиен Грение пораснал во Франција, со многу насилен татко алкохоличар. Уште како мало дете, тој живеел во хорор кошмар и траумите се толку силни што му предизвикуваат кошмари дури и денес, иако тој повеќе не е во Франција, туку живее во Менхетен со својата сопруга Ракел.

Трагична сегашност: Жулиен и Ракел се одличен, моќен бизнис пар. Жулиен е маркетинг директор на авенијата Медисон и тие имаат прекрасен живот, но тој се претвора во нов кошмар после трагедијата ноќта на нивната деветта годишнина.

Опасна иднина: Жулиен, ладен и резервиран поради сѐ што доживеал, но сепак лојален човек со златно срце, одлучува да почнат одново, да се преселат во мало мирно гратче и да му се вратат на нормалниот живот далеку од сите опасности. Она што не го знае е дека во новата прекрасна планинска куќа ги чека нова опасност, кошмар пострашен од сите други.

Фатална игра: На прв поглед, куќата во Кингс Холоу изгледа како остварување на сонот. Но таа има една уникатна карактеристика. Сите нејзини станари се вклучуваат во една фатална игра додека живеат таму. Игра која може да ти ги исполни сите желби… Игра која дефинитивно ќе нѐ научи да внимаваме што посакуваме… Нивните желби се исполнуваат. Нивните стравови се враќаат. Нивните кошмари стануваат реалност. Но… некои желби е најдобро никогаш воопшто да не се посакаат…

За љубителите на Стивен Кинг: хорор мистерија со доза на натприродни трилер елементи. Оваа книга ќе ве извози на шокантна луда железница.

Детали

ISBN: 9786084672166
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2013
Број на страници: 323

  1. :

    5 out of 5

    многу добра!!!

  2. :

    5 out of 5

    Одличен трилер со примеси на хорор,многу ми се допадна книгава!👏

  3. :

    5 out of 5

    Interesna, pomalku horor i mornicava, porazlicna i ke vi ovozmozi da izlezete nadvor od granicite na vozmoznoto zadrzuvajki vi go zdivot se do poslednata stranica do koja veruvam ke stignete uste pred da zabelezite.
    P.S Nikogas povekje nema da gledate pechena kokoska na ist nacin.

  4. :

    4 out of 5

    Книгата не беше во главно лоша, средина некоја… 3.3/5

  5. :

    5 out of 5

    Интересна, застрашувачка и мистериозна до самиот крај…добра книга