- You cannot add "Во одбрана на Џејкоб" to the cart because the product is out of stock.
-
Џилијан Флин
Ејми ја нема
од: Џилијан ФлинБракот може да биде вистински убиец…
Ник и Ејми се подготвуваат да ја прослават својата петта годишнина од брак, но прекрасната и паметна сопруга на Ник одеднаш ја снемува од нивната куќа, а она што е оставено зад неа укажува на насилство…
Ник е сомнителен и дефинитивно огорчен, но дали навистина е убиец? И добро, ако тој навистина е невин како што тврди, тогаш каде е неговата прекрасна жена? И што има скриено во сребрената украсна кутија во плакарот во нивната спална соба?
Ејми ја нема е еден од најдобрите – и најзастрашувачките – портрети на психопатија кои постојат. Манипулативна, безмилосна, мрачна. Еден маж, една жена, еден брак и една љубов какви што досега не сте виделе…
Ѓаволски интелигентен и мрачен психолошки трилер кој ќе ве натера повторно да почнете да ја читате книгата уште еднаш, веднаш по завршувањето на последната страница.
440 ден
Моментално недостапна
Бракот може да биде вистински убиец…
Едно топло летно утро во Мисури, Ник и Ејми се подготвуваат да ја прослават својата петта годишнина од брак. Се замотуваат подароци, се прават резервации во ресторани, но прекрасната и паметна сопруга на Ник одеднаш ја снемува од нивната куќа, а она што е оставено зад неа укажува на насилство…
Ник, сопруг на годината, не изгледа воопшто загрижено и исплашено за исчезнувањето на неговата сакана жена, но добро, секој што ќе го прочита нејзиниот дневник ќе открие дека алфа девојката перфекциониста би можела да извади од кожа секого. Додека целиот град ја жали и оплакува прекрасната исчезната девојка, нејзиниот сопруг презентира несоодветно однесување и бескрајна низа лаги и измами. Ник е сомнителен и дефинитивно огорчен, но дали навистина е убиец? И добро, ако тој навистина е невин како што тврди, тогаш каде е неговата прекрасна жена? И што има скриено во сребрената украсна кутија во плакарот во нивната спална соба?
Ејми ја нема е еден од најдобрите – и најзастрашувачките – портрети на психопатија кои постојат. Манипулативна, безмилосна, мрачна. Еден маж, една жена, еден брак и една љубов какви што досега не сте виделе…
Ѓаволски интелигентен и мрачен психолошки трилер кој ќе ве натера повторно да почнете да ја читате книгата уште еднаш, веднаш по завршувањето на последната страница.
ISBN: 9786084672180
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2013
Број на страници: 450
saramastoridis – :
Не ми остави силен впечаток книгата, но сепак мислам дека вреди да се прочита.
Денис – :
Чиста 10ка
Baby – :
Просечен трилер. Очекував мнолгу повеќе.
Нена – :
Мојот омилен трилер на сите времиња!
Стефани – :
Значи книгава ептен ми се допадна,кој ја нема прочитано топло ја препорачувам.😊
И да,ликот на Ејми е врв за мене,сакам интелигентни и опасни жени.❤😈
Марија – :
Негде до кај 160 страна и не ми беше нешто дали дека беше предвидлива кој е…, а сепак нешто ме копкаше да продолжам да ја читам (сега знам дека тоа беше искчекувањето на надмудрувањето), после тоа не можев да ја оставам. Ејми е брутално, мајсторски создаден лик.
Emilija – :
Има книги кој ви остануваат во секавање засекогаш, оваа е една од нив. Од како ке ја прочитате ке останете со подотворена уста уште некое време хахаха.
Александар Николовски – :
Со еден збор за мене книгава е без конкуренција, непоновлив трилер… и единствениот кој би го оценил со чиста 5ка! Каква приказна, пресврти, крај и пред се комплексност на ликот Ејми, немам зборови… Лошото и она од што се плашам е дека другите трилери па и оние кои во иднина ќе бидат преведени можат само вода да и носат на Ејми… толку само!
Слаѓан Бишковски – :
Еден од најмрачните психолошки трилери што ги имам читано, немам зборови 🙂