• img-book

    Џудит МекНот

Еднаш и засекогаш

од: Џудит МекНот

Една од најмаестралните и најтрогателните љубовни приказни на Џудит Мекнот ја оживува на хартија неверојатната страст на една нескротлива американска убавица и еден комплициран англиски лорд.

Кога одеднаш останува сирак и сама на белиот свет, Викторија тргнува на патување преку океанот, нетрпелива да стигне до своето наследство во Вејкфилд, раскошниот англиски имот на далечниот роднина, озлогласениот лорд Џејсон Филдинг. Страшно збунета од неговата ароганција, но истовремено привлечена од неговата грациозност на пантер, таа ги чувствува болните спомени што тлеат во неговите мрачни очи. Кога тој најпосле ќе ја земе во прегратка, будејќи слатка ненаситност кај неа, тие се венчаат и ги обзема неопислива, бескрајна радост – најмногу затоа што конечно се слободни од злата канџа на минатото. Но тогаш Викторија открива предавство во сржта на нивната љубов… љубов за која сонувала дека ќе триумфира не само еднаш, туку засекогаш.

490 ден

10 на залиха

Количина:
Запознајте се со авторот
avatar-author
- Judith McNaught - 1944
Џудит МекНот е автор на голем број историски романтични книги кои станале бестселери, со над 30 милиони копии во печат. Таа исто така беше првата жена - извршен продуцент на CBS радио станицата. Од 2007 година живее во Тексас и активно учествува во добротворни цели.
Книги од Џудит МекНот
За книгата
Детали

Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2022
Број на страници:

“Еднаш и засекогаш”

Уште нема коментари за овој производ.