• img-book


ISBN: 978-608-260-041-3

Еднаш и Тогаш

5 од 5 од 3 оцени на читатели
3 оцени од читатели

„Еднаш“ е приказна за едно Еврејче кое е решено да побегне од сиропиталиштето каде што живее за да ги спаси своите родители Евреи од нацистите во окупирана Полска за време на Втора светска војна.

Сите заслужуваат да имаат нешто добро во животот. Барем еднаш.

„Еднаш побегнав од сиропиталиште за да ги најдам мама и тато.

Еднаш спасив девојче по име Зелда од запалена куќа.

Еднаш насмеав нацист.

Се викам Феликс. Ова е мојата приказна“.

Тоа е доброто кај приказните. Секогаш постои шанса да се остварат.

Феликс е среќен. За разлика од другите деца во сиропиталиштето, тој е сигурен дека неговите родители ќе се вратат по него еден ден. И без разлика колку нацистите ги палат книгите, благодарение на имагинацијата на Феликс, тој и неговите другари имаат безброј приказни – приказни кои ги штитат кога бегаат, кога се кријат од насилството и лудилото што владее насекаде околу нив, кои им даваат надеж кога се чини дека сè е изгубено и кои еден ден можеби дури и ќе му го спасат животот на Феликс.

„Еднаш“ и „Тогаш“ се две книги издадени во споено „омнибус“ издание.

button-new

450 ден

Количина:
За книгата
Детали

ISBN: 978-608-260-041-3
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2020
Број на страници: 330

  1. :

    5 out of 5

    Сите заслужуваат да имаат нешто добро во животот. Барем еднаш.
    Колку болка е содржана во оваа реченица…

    Овие две книги, споени во една, се историска фикција за Втората светска војна.
    Додека ја читав, поради стилот на пишување, цело време имав чувство дека е книга за деца. Сепак, ова е приказна за едно дете по име Феликс кое е затечено во Холокаустот. Целиот тој сплет на тажни и трагични околности прават тој да созрее уште на десетгодишна возраст.

    Тоа што ме скрши, беше неговата детска невиност. Како и во секоја книга која го обработува овој период од историјата, претпоставував дека порано или подоцна ќе наидам на некоја срцепарателна сцена; но Феликс, кој никогаш претходно не искусил ништо слично и не разбира што навистина се случува, постојано измислува приказни кои му служат како еден вид прибежиште од реалноста. Приказните се неговиот штит, неговата стратегија за спасување.
    Како што напредува приказната, така можеме да забележиме дека Феликс најпосле го доживува оној момент на јасност (moment of clarity), каде го согледува ужасот кој го опкружува.

    Уште полош е фактот што овие работи навистина се имаат случено за време на Втората светска војна. Приказната можеби е плод на фантазијата на авторот, но сепак произлегла од истражувања на вистински настани.
    Тоа е она што ја прави “тешка” за читање, а сепак во исто време и “тешка” за оставање.

    Оваа прекрасно напишана книга ни покажува љубов и надеж во најмрачниот период од историјата. Ме зграпчи, не ме пушташе цело време додека ја читав и на крај ме уништи на секој можен начин! Ваков емоционален “ролер-костер” одамна немам почувствувано од некоја книга.

    Верувам дека ниту вас нема да ве остави рамнодушни. Ја препорачувам!

  2. (го има купено овој производ од сајтот):

    5 out of 5

    Приказна за едно еврејче кое ќе ви разбуди многу чувства. Феликс ќе ви се допадне уште во првите неколку страници, бидејќи е дете кое верува и наоѓа утеха во своите приказни и прочитани книги. Тој ќе се обиде да ја заштити и спаси Зелда, по секоја цена, жртвувајќи го и својот живот. Трогателна приказна раскана од детска перспектива, која долго ќе ја паметите.

    “Со малку надеж може да се стигне многу далеку.” 🥰

  3. (го има купено овој производ од сајтот):

    5 out of 5

    Одлична приказна која е многу тажна со некои срцепарателни сцени..💔 Книга за војната низ очите на малите дечиња.Оваа книга мора секој да ја има во домашната библиотека!
    Не можев да ја спуштам додека не ја прочитав!😇